Христос се роди!
Раѓањето на нашиот Господ и Спасител Исус Христос е осмислувањето на нашето постоење. Со раѓањето на Исус Христос, нашиот живот повторно доби смисла, затоа што до тогаш, заради гревот, човекот испадна од заедницата со Бога и постана смртен и несреќен и неговиот живот немаше смисла. Со раѓањето, пак, на Богочовекот Христос повторно се воспостави таа заедница и можност за животот вечен и животот човечки доби смисла.
Бог го создал човекот да има живот вечен и радост и веселие во него. Тој живот вечен се состои само во заедницата со Живиот и вечен Бог. Ние сме во заедница со Него, ако ги исполнуваме Неговите заповеди и Евангелието.
Гревот е отпаѓање од таа благодатна заедница со Бога, а со тоа и од животот Вечен. Гревот е нашиот најголем непријател. Бидејки човекот згреши, тој отпадна од Бога и од вечен стана смртен.
Со раѓањето на Исус Христос, Бог се смири со луѓето. Со Неговото раѓање Бог ја раскина таа проклета разделба меѓу нас и Него. Само Исус Христос беше моќен да го стори тоа и Тој повторно го постави мостот, врската меѓу нас и Бог. Со тоа Тој повторно ни даде можност да се подигнеме од калта и проклетството на грешниот живот и смртта и да оживееме во Него. Без Богочовекот Исус Христос ние сме апсолутно ништо. Исус Христос е алфа и омега, почеток и крај и осмислување на нашиот живот.
Исто така, како што Христос нас ни прости и не посети, така ние треба да си простиме еден на друг и да се посетиме. Да не му даваме простор на ѓаволот да стои меѓу нас. Да не заборавиме дека, ако сме вистински Христијани треба вистински да го следиме Христос. И како што Тој прв не возљуби, така и ние треба први да подадеме рака и тогаш вистински ќе можеме заедно со ангелите да ја пееме Божествената песна: "Слава на Бога во висините, на земјата мир и меѓу луѓето добра волја!" Ако не постапуваме така, тогаш бадијала Христос се родил за нас. Ние немаме ништо заедничко со Него. Немаме ништо со радоста на овој празник и нашето срце останува празно, темно и пусто.
И како што со Раѓањето Исусово темната пештера ја исполни со светлина, топлина, љубов и убавина, така и ние да го отвориме нашето срце и да му пренесеме јасли во него и таму да му се поклониме на Богомладенецот, Новородениот Цар и Бог Исус Христос за сите векови. Амин.
О.Гаврил, игумен - манастирот на св. Прхор Пчински, во Донибрук , Австралија
Christ Is Born!
The birth of our Lord and Savior Jesus Christ is the meaning of our existence . With the birth of Jesus Christ , our life is again given meaning, as till then , through sin, man fell out of communion with God and became mortal and miserable and his life had no meaning . With the birth , however, the God-man Christ again restoried the communion and the opportunity for eternal life and human life was given meaning.
God created man to have eternal life and joy and happines in it . This eternal life consists only in communion with the Living and eternal God. We are in communion with Him , if we keep his commandments and gospel.
Sin is fall from the graceful union with God , and thus from eternal life . Sin is our greatest enemy . As man sinned , he fell from God and from eternal became mortal.
With the birth of Jesus Christ, God reconciled with people. With His birth, God tore down the separation between us and Him. Only Jesus Christ had power to do that and he again put up the bridge, the link between us and God. Thus he again gave us the opportunity to rise from the mud and the curse of sinful life and death and to be brought to life in Him. Without the God-man Jesus Christ we are absolutely nothing. Jesus Christ is the Alpha and Omega, the beginning and the end and the meaning of our life.
Also, as Christ forgave us and visited us, in such a way we should also forgive and visit one another. Let us not give the devil to stand between us. Let us not forget that if we are true Christians we should truly follow Christ.
And as He first loved us, in such a way we too should be the first to extand a hand and then we could truly, together with the angels sing the Heavenly song: "Glory to God in the heavens, peace on earth and good will among people!" If we do not do as such, then Christ’s birth for us was pointless. We have nothing in common with Him. Nothing to do with the joy of this holiday and our heart remains empty, dark and deserted.
And as with the birth of Jesus the dark cave filled with light, warmth, love and beauty, in such a way we should also open our heart and to offer Him a manger within it, and there to worship the God-child, the newborn King and God Jesus Christ in all ages. Amen.
Christ Is Born!