Соединувајќи се со Христа си го оставил светот, живеејќи со дух, телото си го распнал, преблажен Науме. Си се стремел како апостолите да се подвизуваш и безбројното мизијско множество во верата си го вовел. Така и нас, со Твоите молитви, избави нè од искушенија.
На денот кога Православната црква си спомнува за свети Наум Охридски Чудотворец, Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на деканот на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ проф. д-р отец Александар Гиревски и свештеници од Скопската епархија отслужи Божествена Литургија во манастирот „Св. Наум Охридски“ во н. Радишани.
Извор: Скопска епархија