Во Соборниот храм на Македонската Православна Епархија за Европа, Свети Наум Охридски Малме –Шведска, со благослов на надлежниот епархиски архиереј Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен, со Божествена Литургија свечено се одбележа храмовиот празник на МПЦО „Св.Наум Охридски“ –Малме-Шведска.
Во Саботата вечерта и Неделата 04-05.01.2014 година, кога Светата црква го празнува празникот на Преподобниот Наум Охридски- Чудотворец, во Соборниот храм на Македонската Православна Епархија за Европа, во Малме-Шведска, посветен на Свети Наум –Охридски во организација на Црковниот Управен Одбор и парохискиот свештеник Прота –Ставрофор Блажо Кожарски, свечено се одбележа храмовиот празник.
Свеченостите започна во Саботата вечерта со вечерна Богослужба, на која се благослови и петолебие, отслужена од сатрана на парохискиот свештеник Прота-Ставрофор Блажо Кожарски.
Во Неделата на 05.01.2014 година, со Светата литургија отслужена од страна на Прота-Ставрофор Блажо Кожарски, архиерејски заменик во МПЕ за Европа и парохиски свештениик во МПЦО „Св.Наум Охридски“ – Малме-Шведска.
На крајот од Светата Литургија, по водосветот и благослувањето на празничните лебови, пред присутните произнесе празнична беседа, во која зборуваше за житието на светителот но и за активноисти кои се случија во ова јубилејна година за оваа ЦО која прославуваше 40 години од своето постоење, а како круна на сето тоа се изврши и осветувањето на храмот (19.10.2013 година).
По Светата Литургија во пмошните простории од страна на овогодишните кумови Пенка и Антонио Аневски и Даница Блажевска од Малме со семејствата беше приредена заеднича трпеза на љубовта.
За идната година за домаќни се пријави семејството на Нада и Илија Цветковски од Еслев.
За време на ручекот се прикажа документерен фил за МПЦО „Св.Наум Охридски“ – Малме подготвен од страна на Jens Rossengren од Стокхолм.
Вечерта истиот дене беше отслужена вечерна Богослужба и се запали коледарскиот огна, а за најмладите беа поделени Божиќни подароци.
Нека ни е честит храмовит празник. По молитвите на Свети Наум Господи Исусе Христе Боже помилуј не.
Од Бога благословена Новата 2014 година
Христос се роди.
Александра Кожарска