- Не е човекот она, што може во еден гроб да се смести,
туку она што не може ниту во вселената да се смести. |
Мислите наши во вистината се знаат на онолкава далечина, колку што се протегаат. Чувствата наши се распростираат и се објавуваат во онолкави битија и светови ,
на колку што се упатени. ||
Добрата волја наша, ако достига до круговите ангелски, создава околу нас круг од вселена, така што се` што е во тој круг ја чувствува.
Ако не свесно, тогаш потсвесно душата на сите битија нашите мисли ги чувствува, нашите чувства и нашата добра волја, во поголема или во помала мера,
што зависи и од тие битија и од нас самите.
Навистина, не е човекот она што во еден гроб може да се смести,
туку она што не може ниту во вселената да се смести!
Св. владика Николај Велимировиќ
Подготви: Мина Даниловска
31-ди декември, лето Господово 2013