логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

vtornik.svpetka.jpg

Во  Првата недела на Великиот Пост, во хармот на св.Петка во Скопје, на денот кога Светата Божја Црква го празнува денот на  преподобен Прокопиј Декаполит, преподобен Талалеј, светиот маченик Агатангел,   се  отслужи  Утрена богослужба со часови и Вечерна.

 vtornik.svpetka1.jpg

vtornik.svpetka2.jpg

„Некогаш истерани од рајот поради јадење од горчливата храна, со воздржување од страстите да побрзаме пак во него да влеземе, на нашиот Бог велејќи Му: Ти, Кој на крстот рацете Свои ги рашири, оцет се напи, и жолчка вкуси, и од клинците болки претрпе; Кој сите најгорчливи страсти од душите наши ги извади, поради милосрдието на Твоите штедроти, слугите Твои спаси ги.
Поради јадење од дрвото некогаш од рајот изгонети, со крстот Твој во него се вселивме; него во молитвата за наш бранител повикувајќи го, Многумилостив, и верно сите Ти се молиме: Извори на солзи сега испрати ни, за време на постот, кои ја чистат сета нечистотија на страстите и на гревовите наши, та постојано сите да Ти пееме: Господи, слава Ти.“
vtornik.svpetka3.jpg

Наслада од воздржанието и мене дарувај ми, Слове, како некогаш рајот на Адама: да јадам од секој плод на Твоите заповеди, Боже наш, и секогаш да се воздржувам од плодот на гревот, та со радост да стигнам и до Твоето на крст живоносно страдање.
И три во Минејот. Слава, и сега: крстобогородичен.
Прокимен, псалм 7, глас 6: Господи, Боже мој, на Тебе се надевам, спаси ме. Стих: Од сите што ме гонат, избави ме.

vtornik.svpetka4.jpgПотоа рече Бог: „Нека се појават светила на сводот небески, што ќе ја осветлуваат земјата за да го делат денот од ноќта, и да бидат знаци и за времињата, и за деновите и за годините; и нека светат на сводот небески, за да ја осветлуваат земјата!" И би така. И создаде Бог две големи светила: светило поголемо да управува со денот, а светило помало да управува со ноќта, и ѕвезди; и ги постави Бог на сводот небески да ја осветлуваат земјата, и да управуваат со денот и ноќта, и да ја одделуваат светлината од темнината. И виде Бог дека е добро. И би вечер, и би утро - ден четврти. Потоа рече Бог: „Нека произведе водата лазачи, живи суштества, и птици да полетаат над земјата, под сводот небески"! И би така. И создаде Бог големи риби и секаков вид животни влекачи, а кои ги произведе водата, според нивниот род, како и секаков вид крилати птици, според родот нивни. И виде Бог дека е добро. И ги благослови Бог, велејќи: Плодете се и множете се, и наполнете ја водата во морињата, и птиците нека се множат на земјата. И би вечер, и би утро - ден петти.

vtornik.svpetka5.jpg

vtornik.svpetka6.jpg

vtornik.svpetka7.jpg

Посети:{moshits}

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

« »

Православен календар

 

12/06/2025 - четврток

Преподобен Исакиј Исповедник; Преподобна Макрина;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов Апостол Ерма 13 јуни/31 мај  2025

Тропар на св. Христов Апостол Ерма 13 јуни/31 мај 2025

Како огнот што го загрева железото, така благодатта срцето човеково,за да го покаже сето она кое е нечисто, о Ермо велики, Бог те...

Тропар на преподобниот Христов исповедник Далматскиот игумен Исакиј 12 јуни/ 30 мај 2025

Тропар на преподобниот Христов исповедник Далматскиот игумен Исакиј 12 јуни/ 30 мај 2025

Исповедник на Православието, скротувач на ѕверови во луѓето, преподобен оче наш Исакие, пратеник Божји за сведоштво на вистината, Црквата со твоите...

Тропар на света Христова маченичка Теодосија девица 11 јуни/29 мај 2025

Тропар на света Христова маченичка Теодосија девица 11 јуни/29 мај 2025

Добродетели со љубов си стекнала, маченичке,  чисто живеалиште Христово, и на Светиот Дух возљубен дом; оттука си го посрамила непријателот  кој се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная