По повод новогодишните празници, студентите од Сојузот на студенти по медицина во Република Македонија (MMSA) организираa хуманитарна акција со наслов „СОС Дедо Мраз“ во која беа собрани пакетчиња кои денес (26,12,2013) ќе бидат доделени во хуманитарни цели.
Собраните пакетчиња ќе им бидат доделени на децата од ,,Заводот за рехабилитација на деца и млади" во Чаир, децата без родители од ,,Чичино Село", децата од ,,Ценатарот за Социјални Грижи" како и децата на Клиниката за Педијтрија и Детска Хирургија.
Акцијата се одвиваше изминатите денови во соработка со супермаркетите Рамстор и Карфур, каде што хуманите граѓани имаа можност со по некој производ да дадат придонес во оваа акција. Одзивот на акцијта беше одличен, со што се докажа дека граѓаните на Скопје се навистина хумани.
Придонес на оваа акција дадоа и децата од Работна организација Ј.О.У.Д ,,Снежана"- Скопје со изработка на честитки за децата кои ќе ги добијат пакетчињата.
Како завршеток на оваа хуманитарна акција, во соработка со киното Синеплекс денеска (26.12.2013) е орагнизиран приказ на цртан филм за децата без родители од ,,Чичино Село", децата од ,,Заводот за рехабилитација на деца и млади" во Чаир како и за децата од ,,Центарот за Социјални Грижи".
Организаторите се надеваат дека оваа традиција нема да запре и дека ова ќе биде уште поголем поттик за граѓаните да се вклучат во хуманитрани акции.
Извор: Maja Ристовска