На 19. 12. 2013 година на празникот на Светиот Николај Чудотворец – архиепископ на Ликискиот град Мир, во Соборниот храм Св. Николај во Штип, кој е Патрон и Заштитник на градот Штип, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од Брегалничката епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија.
По празнично слово, Мирополитот Брегалнички г. Иларион, заедно со Градоначалникот на Општина Штип прим. м- р г. Илчо Захариев, свештенослужителите и многубројниот православен народ, изврши Литија од Соборниот храм Св. Николај до Градскиот Плоштад во Штип, каде го благослови и пресече славскиот колач, по што надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион одржа содржајна беседа.
По ова во салата на Советот на Општина Штип се одража Духовната Академија по повод Заштиникот и Патронот на Градот Штип, во организација на Градоначалникот прим. м- р г. Илчо Захариев и Советот на Општина Штип. На свечената академија Градоначалникот на Општина Штип прим. м- р г. Илчо Захариев го одликува г. Срѓан Керим, роден во Штип, со златен орден со ликот на Св. Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски, изработен специјално за оваа пригода. Истотака Градоначалникот на Општина Штип им додели признанија и на граѓани за нивниот допринос за Градот Штип по повод Патронот и Заштитникот на Градот Штип.
Повеќе: Брегалничка епархија