ИЗВЕСТУВАЊЕ
Имаќи ги во предвид предизвиците за кои во последно време многу се говори и насилно се делува врз слободното расудување на човекот преку сретствата на светската машинерија , сметаќи ги овие предизвици како сериозен предизвик за верниот народ Божји не обврзуваат да дадеме соодветен одговор се со цел да ја поттикнеме на вистински начин слободата и самоспознанието на секое човеково битие, кое стреми кон спасението разбираќи го како Живот вечен во Царството Небесно. Имаќи ги пред нас како неменливи и неминливи сретства, евангелското Слово Божје, благодатта на Светиот Дух и вековното искуство на секогаш живите членови на Црквата Божја. Сакаме заедно да ги споделиме овие благодатни искуства, искажуваќи ги во текот на една духовна средба, на која веруваме дека ќе се развие поголема дискусија која ќе вроди плод на организирање и делување преку современите сретства за информирање и комуникација, со цел да се осознаеме себе си преку Словото на Вистината, откриено и потврдено низ вековите како вистинско благодатно и спасоносно. Кое ги изцелува умот и срцето на човекот и го држи во духовна будност за стражарење над себеси и ближниот па така мирот љубовта и радостаа да ни се умножуваат . Тие се трајни вредности на вечно живите жители на Царството Небесно, и се имплицираат на сите нас кои сме овдека во времето како членови на Црквата Божја, кога сакаме да ги имаме како трајни вредности во вечноста.
-
Затоа Браќа и Сестри во Христа ве повикуваме на заедничка духовна средба на која ќе ги споделиме современите предизвици и ќе се потрудиме заеднички организирано да дадеме одговор на истите . Оваа заедничка средба сакаме да ја исполниме во 11ч .на 22. 12 2013г.
-
Во салата за веронаука во црквата св. ап. Петар и Павле во Ѓорче Петров.
Како теми на разговарање ги поставуваме:
- -Активностите на православниот христијанин во сретствата за електронска комуникација;
-
-одговорот на се погласното злоупотребување на слободата на човекот за задоволување на страстите и похотите кои го туркаат човекот како личност , како и семејството и општеството како збир во кој се имплицира лицноста, во пропаст и погибел; - и многу други современи предизвици за кои ќе се разговара .
Со големо почитување и искрена љубов проследена со грижа и молитва за ваше здравје и спасение, ве покануваме на оваа заедничка и корисна за нашето спасение средба.
Од организаторите на средбата вероучотелот Петар Миленков и отец Горан Тасески