26.10.2013 год.
Во храмот на „Светите Архангели“ во старото гробиште на Јалисос, на островот Родос заплакаа две икони на архангел Михаил. Служителите ги забележале солзите уште утредента при отворањето на храмот. Едната икона престанала да плаче, но другата, онаа поголемата, продолжила да солзи, иако служителите во храмот постојано ги бришат од неа солзите. Рано претпладне во црквата пристигнал митрополитот на Родос, г. Кирил за да се поклони на иконата и заповедал таа да биде пренесена во централниот храм во Јалисос „Успение Богородично“. Таму тој отслужил молебен. Митрополитот се уште официјално не се изјаснил за овој настан и е претпазлив во своите оценки, сепак негово лично мислење е дека станува збор за чудо.
Во централниот храм, неговиот ефимериј, о. Апостол продолжува да ги брише солзите кои што и понатаму течат, без видлива причина што би можела да ги предизвика. Проверено е да не случајно има влага зад иконата или на местото каде таа се чува. Луѓето од гратчето масовно се собираат во храмот и се молат на светиот архангел Михаил. Локалните жители се убедени дека двете икони што плачат не се добар знак. Чудото се случува неколку денови пред празникот на светите Архангели што се слави на 8-ми ноември.
Извор: Двери