На 1-ви септември 2013 г. кога во МПЦ- ОА се прославуваат светиот маченик Андреј Стратилат и преподобниот Теофан; во манастирот свети Никола во село Љубанци, скопско, Неговото преосвештенство Епископот Велички г. Јосиф одслужи Божествена Литургија во сослужение на отец Ѕвонко Аговски и ѓакон Јован Умленски. Православните христијански души се причестија со Светите Христови Тајни. Денешното евангелие по Матеј (17, 14-21) нè почува за силата на верата која може планини да преместува дури и кога е голема колку зрно синап.
За Преминпортал: Ратислав Кардалев