По повод празникот Успение на Пресвета Богородица во прекрасниот храм во Дортмунд , во присуство на многуброен народ отец Душко Пецов отслужи св.Литургија. Работниот ден не беше пречка за младите да присуствуваат на светата богослужба а повеќето од нив пристапија и кон Сетата Тајна Причест. На крајот од службата свештеникот одржа пригодно слово ,и упати апел до сите верници од оваа црковна општина да не штедат од своето слободно време, туку секогаш кога имаат можност да бидат дел од светите Богослужби и на тој начин да си ја зачувуваат прадедовската вера.
За Преминпортал: о.Душко Пецов