На 21. 08. 2013 година на празникот на Светиот маченик Спасо Радовишки, во храмот Св. Троица во Радовиш, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија, отслужи света архиерјска литургија, одржа пригодна беседа и го благослови и пресече празничниот леб . Во административната зграда при храмот Св. Троица во Радовиш, Митрополитот г. Иларион имаше работна средба со г. Ристо Гуштеров, ктитор на црквата Св. Троица во Радовиш, по повод 10 – годишниот Јубилеј од осветувањето на храмот кој ќе се прослави на 08 Септември 2013 година. По ова Митрополитот Брегалнички г. Иларион го посети манастирот посветен на Св. вмч. Георгиј во с. Ораовица – Радовиш каде и присуствуваше на заедничката празнична трпеза на љубовта по повод Патронот и Заштитникот на Градот Радовиш Св. мч. Спасо Радовишки.
Извор: Брегалничка епархија