логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


 01.jpg

 Седма недела по Педесетница

02.jpg

03.jpg
Верувате ли дека можам да го направам тоа?(Матеј, 9, 27 – 35)

04.jpg
Двајца слепи луѓе повикувале кон Исус: „Помилуј нѐ, Исусе, сине Давидов!“ Исус ги прашал: „Верувате ли дека можам да го направам тоа?“ Тие одговориле: „Да, Господи!“ Тогаш Он им ги допрел очите и ги исцелил од слепилото.
„Верувате ли дека можам да го направам тоа?“
Би можел ли? Оној Кој рече: „Ми се даде секаква власт на небото и на земјата?“ Би можел ли? Оној Кој рече: „Мислиш дека не можам да Го помолам Мојот Отец да ми прати повеќе од дванаесет легиони ангели?“ Може ли? Оној Кој објави: „Јас Сум воскресението и животот; кој верува во Мене и да умре ќе живее?“ Може ли? Оној Кој ја создаде вселената од ништо; Кој стави сила во атомот; Оној Кој ги исцелуваше болните и воскреснуваше мртви? Може ли? Кој му рече на Јов: Каде беше ти кога ги поставував основите на земјата?“ Може ли?
Луѓето денес се обидуваат да се спасат со помош на секакви сили: бела, црна, силата на водата, силата на воздухот, силата на цвеќето, и секако, политичката сила. Сите тие сили изневерија и остана само една: Божјата сила. „Христос“, вели св. Ап. Павле,... „силата Божја и Премудроста Божја“.Да се познае Бог во Христа не е интелектуално откритие. И тоа е, но и многу повеќе. Тоа е доживување на таа Божја сила, но не нешто што ние го постигнуваме, туку нешто што Бог го полага во нас. Прашајте ги дванаесетте рибари како можеле да се ослободат од своите слабости и да тргнат во преобразба на светот, тие ќе ви одговорат: „Не ние, и ништо во нас – туку Христос!“ Верувате ли дека можам...?“ Да, Господи!
Прашајте го излекуваниот зависник од алкохол, или од дроги, како успеал да се ослободи од својата ужасна зависност, и тој ќе ви рече: „Не се ослободив јас, туку ме ослободи Христос Кој е во мене! Без Неговата сила уште ќе бев заробен“. ... „Верувате ли дека можам...?“ Да, Господи!
Кога ќе ги заплеткам работите и сум на раб да си го упропастам животот, Христос не доаѓа да ми каже: „Мораш пак да се обидеш! Мораш да се потрудиш, овојпат уште повеќе од порано“. Тука нема благовест; тоа би можело само да ме доведе до очај. Наместо тоа, Он ми доаѓа и ми вели: „Приближи Му се на Бога и Он ќе го направи тоа за тебе! Приближи Ми се и Мојата сила ќе биде твоја“. „Верувате ли дека можам?“ Да, Господи!
Некој татко го загубил синот во трагична несреќа. Му се срушил целиот свет. Подоцна истиот тој кажал: „Пред мене беа отворени три патишта: Очајот, алкохолот и Христос. Го одбрав Христа и оттаму ми дојде силата“. „Верувате ли дека можам?“ Да, Господи!“
Некоја, пак, актерка поминала низ пеколот на алкохолизмот. Неколку пати се обидела да се самоубие. Конечно ја испратиле на психијатар. Кога, тетеравејќи се, излегла од неговата ординација, се слушнале себеси како изговара зборови што никогаш порано не ги рекла, освен на шега: „Не ми треба психијатар. Мене ми треба Бог“. Таа вечер паднала на подот покај креветот, усрдно молејќи се: „Боже, ако Си присутен насекаде, се надевам дека ќе ми помогнеш, зашто многу ми е потребна помош“. „За дваесет минути“, рекла таа, „сѐ беше готово“. Христовата сила дошла во нејзиниот живот, и од тогаш таа станала нова личност. „Верувате ли дека можам?“ Да, Господи!
Еве го сведоштвото на уште еден христијанин: „Отсекогаш знаев дека Христос е неопходен, но до сега не знаев дека Тој Е доволен“. Доволен е. Само Тој може!Христовата сила им стои на располагање на сите оние кои веруваат во Него, кои своите упропастени и празни животи ги предаваат на полнотата на Неговата благодат. Христос не им рекол на апостолите: „Одете во светот, и со среќа“. Им рекол: „Одете“, и бидете сигурни во тоа дека „секогаш ќе бидам со вас, дури до крајот на светот“. Никогаш нема да ве изневерам, или оставам. Токму во таа лична, живоносна врска со живиот Христос наоѓаме сила да победиме. Проблемот со многумина од нас е во тоа што воопшто не ја очекуваме, ниту ја предвидуваме силата што доаѓа од Христа. Не веруваме вистински во неа и затоа не ја ни примаме. Се потпираме на други сили, кои неизбежно нѐ изневеруваат.
Слепите Му пристапиле на Христа со своето слепило. Тој ги допрел и тие биле исцелени. И ние можеме да Му пристапиме денес со нашите слабости, со нашите гревови, со нашите проблеми, со нашето сопствено слепило. Можеме да Му кажеме исто како нив: „Помилуј нѐ Сине Давидов“. И Он ќе нѐ праша: „Верувате ли дека можам да го направам тоа?“ Ако нашиот одговор биде „Да, Господи“, Он ке нѐ исполни со внатрешна сила, која ќе биде поголема од сѐ друго што би можеле да замислиме. „Израилот никогаш не видел вакво нешто“. И никогаш нема да доживееме нешто слично во нашиот живот, од мигот кога ќе го примиме исполнувањето со Неговото присуство и сила.Ни велат дека во иднината нѐ очекува недостаток на енергија. Сигурно ќе има сѐ повеќе редукции на електричната енергија. Но, за оние кои навистина веруваат во Христа и Нему Му го предаваат животот, за нив никогаш нема да има редукција. Силата што нѐ држи секогаш ќе биде поголема од задачата што нѐ очекува.
Слушнете го личното искуство на св. Ап. Павле: „Мојот Бог, по Своето богатство, нека ја исполни секоја ваша потреба, за слава, преку Христа Исуса“ (Фил. 4, 19).„Верувате ли дека можам да го направам тоа?“ Да, Господи!


Ентони М. Конијарис

 05.jpg

 06.jpg

 07.jpg

 08.jpg

 09.jpg

 10.jpg

 11.jpg

 Извор: Бигорски манастир

 

 

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

« »

Православен календар

 

12/06/2025 - четврток

Преподобен Исакиј Исповедник; Преподобна Макрина;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот Христов исповедник Далматскиот игумен Исакиј 12 јуни/ 30 мај 2025

Тропар на преподобниот Христов исповедник Далматскиот игумен Исакиј 12 јуни/ 30 мај 2025

Исповедник на Православието, скротувач на ѕверови во луѓето, преподобен оче наш Исакие, пратеник Божји за сведоштво на вистината, Црквата со твоите...

Тропар на света Христова маченичка Теодосија девица 11 јуни/29 мај 2025

Тропар на света Христова маченичка Теодосија девица 11 јуни/29 мај 2025

Добродетели со љубов си стекнала, маченичке,  чисто живеалиште Христово, и на Светиот Дух возљубен дом; оттука си го посрамила непријателот  кој се...

Тропар на преподобниот Христов епископ и исповедник Никита Халкидонски 10 јуни/28 мај/  2025

Тропар на преподобниот Христов епископ и исповедник Никита Халкидонски 10 јуни/28 мај/ 2025

Блажен е подвигот твој оче преподобен, допирајќи го светот не дозволи тој да те оскверни, пригледуваше сираци и вдовици, згрижуваше сиромашни –сe...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная