Monastery st. Prohor Pchinski – Donnybrook (Winter 2013) I Манастир св. Прохор Пчински – Донибрук (Зима 2013) I
- Може ли човекот да не се радува гледајќи го сонцето со телесните очи? А колку поголема радост се појавува кога човекот со внатрешните (духовни) очи го гледа Сонцето на правдата – Христос. Тогаш тој се радува со вистинска ангелска радост. Затоа апостолот рекол: „Нашиот живот е на небото“.
Кога некој живее во мирно расположение, тој како со лажичка ги црпи духовните дарови. Мирни во духот, со Божјата благодат, светите Отци живееле долго. Овој мир, како бесценето богатство, Господ им го оставил на Своите ученици, во очи Својата смрт, велејќи: „Мир ви оставам, Својот мир ви го давам“. За него, исто така, зборува и апостолот: „И Божјиот мир, кој му доликува на секој ум, нека ги зачува вашите срца и мисли во Исус Христос“. (св. Серафи Саровски)
Извор: манастир на св. Прохор Пчински, Донибрук, Австралија
24-ти јули, лето Господово 2013