На 12. 07. 2013 година на празникот на Светите апостоли Петар и Павле, во храмот Св. вмч Георгиј во Кочани, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија, отслужи света Архиерјска Литургија. На светата литургија Митрополитот Брегалнички г. Иларион орджа содржајна пригодна беседа. По светата литургија, со иконата на Светите Апостоли Петар и Павле се изврши литија од храмот Св. вмч. Георгиј до Градскиот Плоштад во Кочани, каде Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во присуство на Градоначалникот на Општина Кочани г. Ратко Димитровски, Пратеничката во Собранието на РМ од Кочани г – ѓа Бети Кузмановска, Претседателот на Советот на Општина Кочани г. Иван Иванов, Секретарот на Општина Кочани г. Петар Апостолов и многуроен православен народ, го благослови и пресече празничниот леб и одржа пригодна беседа. По ова во зградата на Националната Јавна Установа за Култура Искра во Кочани се одржа свечена седница по повод Патронот и Заштитникот на Градот Кочани и беа доделени награди на првенци во генерацииите во Основните и Средните Училишта во Кочани и селедуваше културно – уметничка програма по повод Патронот и Заштитникот на Градот Кочани Свети Апостол Петар.
Извор: Брегалничка епархија