логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


 00.jpg

 Моштите на св. Николај во Битола


8/21 мај 2013 лето Господово
Црквата Христова радосно се весели и торжествува, славејќи го со неискажливи пофалби светлозарниот архиереј, украсот и благомирисот на целата вселена, богоблагословениот слуга Христов, Николај Чудотворец. И го празнува со духовни песни и химни Преносот на неговите пречесни мошти, кои Бог со благодат ги осени и со прекрасно благоухание и чуда ги украси. Торжествува денес и древната Битола, благодатно озарена од ова сонце незаодно, кое со светлина нашите души постојано ги исполнува. И навистина, колку силно блескаа со духовна светлина ширум целата Битола светите мошти на Мирликискиот Чудотворец, кои нашиот старец, архимандритот Партениј, со најголема љубов и радост ги донесе во својот роден град, на молба на благочестивиот свештеник и старешина на храмот „Св. Никола“, о. Горан, а со благослов на нашите почитувани архиереи, Нивните Високопреосвештенства, митрополитите Петар и Тимотеј! Блесна и торжественaта литија низ битолските улици, која најпрво со присуството на светите мошти го благослови местото каде што некогаш постоел велелепен храм на св. Николај, изграден во славниот град Манастир, уште пред доаѓањето на Османлиите.

01.jpg

02.jpg

04.jpg

06.jpg
Тој раскошен византиски храм бил еден од седумдесетината поголеми Божји светилишта што Битола ја правеле налик на голем град - манастир. А кога после османлиското нашествие тој христијански град бил целосно разрушен, неговиот христољубив народ поробен, а битолските храмови до темел уништени или во џамии претворени, тогаш и овој боголепен храм на св. Николај бил престорен во џамија. Но и покрај тоа, битолчани никогаш не ја заборавиле некогашната слава на тоа светилиште и благодатта што се излевала од него, па верно го чувале во своите срца споменот за него, молејќи се на големиот небесен помошник и застапник, св. Николај Чудотворец, повторно да го врати во христијански раце. И колкава само радост бликнала во нивните души кога иноверните биле протерани од нивниот возљубен град и свети икони повторно ги украсиле ѕидовите на црквата на св. Николај! Повторно од тоа место Му се вознесувале благодарствени богослуженија на премилиот Христос и Неговиот Мирликиски светилник.
Но, за жал, уште едно зло, можеби поголемо од она првото, го снашло овој древен храм: комунистичката управа на градот Битола решила да го урне, за на негово место да подигне комплекс модерни згради.
Така, во спомен на ова славно светилиште, денешната молитвена литија на битолското свештенство, со дел од нашето братство и сестринство и многубројните верници започна со молебен токму од тоа место, наречено „Грозд“, каде денес има мала поклонувалница, посветена на св. Николај. Потоа благословот на овој голем светител се излеа на целата Битола, посебно осенувајќи ги со своите мошти улиците: „Никола Тесла“, „Солунска“, „Железничка“ и „Индустриска“. Најпосле торжествената поворка заврши како молитвен собор во храмот „Св. Николај Чудотворец“, во населбата „Боримечка“, каде за поклонение беа изложени и чесните мошти, кои ќе останат таму и во наредниот ден.
Нека милостивиот Бог, по молитвите на Својот славен слуга, светителот Николај Мирликиски Чудотворец, ја благослови православна Битола, ја сочува во мир и единомислие и ја утврди во благочестие до крајот на вековите. Амин!

  10.jpg

 19.jpg

 22.jpg

Повеќе: Бигорски манастир

 

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

08/06/2025 - недела

Слегување на Светиот Дух- Педесетница

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,кога им го испрати Светиот Дух,и со нив ја улови вселената,...

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2025

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2025

Пророче и Претечо, Христос ни ја откри твојата глава како божествена ризница скриена  во земјата. Затоа, собрани сите во денот...

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Помазаник на Божјата благодат, од утроба посветен на славословие Господово, Симеон стана огнен молитвеник од земјата до небото, цврста поткрепа во Бога имајќи,...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная