На 12.05.2013 година, во посета на Дебарско-кичевската епархија беше гостинот од Руската православна црква, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тамбовски и Расказовски г. Теодосиј. Негов домаќин беше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, кој најпрво го пречека ценетиот гостин во манастирот „Св. Јован Крстител – Бигорски“. По осветувањето на новата камбана во манастирот, Митрополитите допатуваа во Охрид, каде го посетија катедралниот храм „Св. Софија“ и храмот „Пресвета Богородица Перивлепта“, а потоа го посетија и Административниот центар на Дебарско-кичевската епархија. По краток одмор, гостите се упатија во едно од нашите најголеми духовни светилишта, манастирот „Св. Наум Охридски“, каде се поклонија на гробот на преподобниот и ја завршија својата посета.
Извор: Дебарско-кичевска епархија