логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  Скопје, 10.03.2013 год.-


Religii.Konferen.jpg

  Religii.Konferen.jpg

 Груевски: „Религијата отсекогаш играла огромна улога во дијалогот помеѓу луѓето“

 Religii.Konferen6.jpg

   Во Скопје почна светската верска конференција

На Третата светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог која почна на 10-ти мај 2013 година  во Скопје,  учествуваат околу 110 странски и 150 домашни гости.На отворањето на конференцијата говореа македонскиот премиер Никола Груевски, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Валентина Божиновска.

Religii.Konferen4.jpg

Тема на конференцијата е „Слободата и достоинството - основни вредности во меѓучовечките, меѓурелигиските и меѓукултурните односи". Со одржувањето на оваа конференција ќе бидат одбележани три јубилеи: 1.700 години од Миланскиот едикт - добивање слобода на христијанството, 70 години од холокаустот на Евреите и 10 години од Самитот на шефови на држави од Југоисточна Европа Дијалог меѓу цивилизациите.Конференцијата претставува еден вид продолжување на хуманата визија на покојниот претседател на Република Македонија, г. Борис Трајковски, кој на негова иницијатива, а со помош на УНЕСКО, го реализира првиот Регионален самит на шефови на држави од југоисточна Европа  „Дијалог меѓу цивилизациите“ во 2003 година, во Охрид.
Како и претходните конференции, Третата светска конференција се реализира во рамките на Глобалната агенда на ООН и УНЕСКО за дијалог меѓу цивилизациите и финансиски е поддржана од Владата на Република Македонија и од УНЕСКО.

 

 Religii.Konferen6.jpg

  Religii.Konferen6.jpg

Во  програмата на 11 мај,  преку одржување три пленарни сесии, пред светската јавност ќе се отворат темите: „Плуралистичките општества и религиската толеранција”, „Да се живее заедно со почит кон различностите“ и „Придонесот на медиумите за меѓурелигискиот и меѓукултурниот дијалог“.
Низ дискусија ќе се афирмираат улогата и важноста на слободата и на достоинството како универзални човекови права и основни вредности, ќе се дискутира за улогата на религиската толеранција во плуралистичките општества и ќе се нагласи дека културната и религиската различност треба да се сметаат како богатство и предност бидејќи различните културни и религиски традиции имаат голем креативен потенцијал и претставуваат средства за заемно разбирање и почитување.

  Religii.Konferen2.jpg
„Сите ние треба да го дадеме својот придонес во меѓучовечките, меѓурелигиските и меѓукултурните односи“, изјави премиерот Никола Груевски.

Religii.Konferen5.jpg Премиерот Груевски:

„Денес живееме во време кога потребата од дијалог и религиска толеранција е поголема од кога било и истата потреба како никогаш досега влијае врз заштитата и одржувањето на глобалната безбедност. Религиите како чувари на духовното влијаат врз развојот на човечката душа и нејзините погледи кон светот, а миротворното однесување носи плод на соживот и хармонија за сите. Светиот Апостол Матеј пишува: „Благословени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји“. Токму затоа, нека секој од нас се посвети на својата од Бога дадена мисија да постане миротворец и допринесе за убавината на својот дом и својата татковина. Божјото царство е во срцето на секој човек и претставува основа на секоја заедница. Нека секој од нас погледне длабоко во себе и ги пронајде најубавите начини за приближување на различностите меѓу луѓето и различните религиски заедници, бидејќи преку меѓусебното почитување, соживот и размена на знаење создаваме траен систем на вредности кои придонесуваат кон одговорна и човекољубива световна власт. Јас сум уверен дека темите на оваа Конференција ги посочуваат областите на кои треба вредно да се работи во насока на исполнување на нашите заеднички цели. Владата на Република Македонија како досега, така и во иднина ќе ги поддржува сите иницијативи кои се однесуваат на јакнење на довербата и соработката меѓу народите, различните нации, религии и култури. Тоа е наша должност, како граѓани на Македонија која од секогаш била крстосница на разни култури и религии, што допринело да се создаде традиција на негување на етничката и религиска толеранција и широко почитување на универзализмот и хуманизмот“,

  Religii.Konferen6.jpg

 Religii.Konferen6.jpg

   На отворањето на конференцијата присуствуваше и имаше свое обраќање Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан:„Според христијанското учење, слободата е еден од основните дарови со кои Бог го удостоил човекот. Меѓу другото - и во тоа се познава и гледа љубовта со која Тој го обдарил човечкиот род. Давајќи му го тој дар, го дарувал не само со способноста да прави избор, туку слободоволно слободоумно, без каква и да е принуда да го прави тој свој избор. Но најмногу од се - ползувајќи го дарот на слободата, човекот може да ја надмине секоја обврзаност и пронуда, односно да го одбегне заробеништвото и заточеништвото од се она што го прави да не биде тоа што треба да биде - сознание по образот на Бога. Всушност, преку слободата, човекот се надминува и победува себеси. Токму затоа, слободен е оној човек, во вистинска смисла на зборот, кој успеал да се реализира, да ја исполни целта на своето постоење, да стане личност, врз основа на следниов принцип: Ако вие останете во Моето слово, навистина ќе бидете Мои ученици; и ќе ја запознаете вистината, и вистината ќе ве ослободи (Јован 8, 31-32)“ рече Архиепископот Стефан во обраќањето пред присутните делегати и претставници од повеќе конфесии и вери од целиот свет.

  Religii.Konferen6.jpg

  На првиот ден од Третата светска конференција се одржа промоција на книгата „Собрани дела на Св. Климент Охридски“ во издание на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија. Промотори беа Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и преведувачот на ова дело од старомакедонски протопрезвитер д-р Јован Таковски.

  Religii.Konferen6.jpg


 

  Religii.Konferen13.jpg

   Првиот ден од конференцијата  заврши со прием за учесниците што ќе го приреди претседателот на Соранието г-дин Трајко Вељановски..

Religii.Konferen13.jpg

 

Преминпортал

10.05.2013 год.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички г. Наум: Демонско преземање, т.е. хакирање, на разумот

Митрополит Струмички г. Наум: Демонско преземање, т.е. хакирање, на разумот

Кој момент од нашиот живот посебно го чека и користи демонот за да направи обид за преземање на нашиот разум? Демонот постојано си подготвува терен, и преку општата атмосфера што...

БEСEДА  за Oнoј кoј слeгoл и сe издигнал

БEСEДА за Oнoј кoј слeгoл и сe издигнал

“Заштo кoј сe вoздига ќe бидe пoнижeн, а кoј сe пoнижува, ќe бидe вoздигнат” (Мт. 23:12).Акo нe сe пoнижимe спoрeд дoбрoдeтeлта, ќe нe пoнижи грeвoт. Дoбрoдeтeлта вoди кoн дoбрoвoлнo и...

Митрополит Струмички Наум: ПОСЛЕДНОТО МЕСТО Е СЀ

Митрополит Струмички Наум: ПОСЛЕДНОТО МЕСТО Е СЀ

Одделувањето на човекот од демонот е исто што и барање Божја, а не човечка правда. Секогаш сме ние виновни и никој друг, затоа што сме различни од Богочовекот Христос.Да повторам:...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Свети великомаченици Екатерина и Меркуриј

Во денешно време се водат кампањи за рамноправен третман на лицата со посебни потреби од типот на оваа подгрбавена жена. Но дали ние не сме тие кои покрај овие луѓе...

Митрополит Струмички г. Наум: За суптилната демоноопседнатост

Митрополит Струмички г. Наум: За суптилната демоноопседнатост

Одговорот е во слободата. Видливо демоноопседнатиот не можеше сосема слободно да одлучува за себеси и Христос можеше да му се смилува без учество на неговата слободна волја, додека, пак, суптилно...

Отец Михаил Трајковски: Света  Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера (27.10.2025)

Отец Михаил Трајковски: Света Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера (27.10.2025)

Светиот Дух ја изобличува нашата совест, а таму каде што нема Свет Дух, таму и не работи совеста, или, доколку некако работи, работи со аномалија. Таквите луѓе, често се доведуваат...

БЕСЕДА за тоа како Ангелите војуваат за праведниците

БЕСЕДА за тоа како Ангелите војуваат за праведниците

„Нема да се спаси цар со многу сила, ниту јунак со големината на својата моќ; лага е коњот за спасение.“Сето тоа ништо не помага, ако неправдата е сојузник на таа...

ДА ГО ПОЧИТУВАМЕ И ЉУБИМЕ УЧИТЕЛОТ

ДА ГО ПОЧИТУВАМЕ И ЉУБИМЕ УЧИТЕЛОТ

За нашата Црква до крајот на векот, постои еден, единствен предизвик и подвиг: да се зачува Преданието на исихазмот во Македонија, што е наш долг кон Свети Григориј Палама и...

« »

Православен календар

 

23/12/2025 -вторник

Божикен пост; (на масло)

Светите маченици Мина, Ермоген и Евграф; Преподобна Ангелина и Св. Јован Деспот; Светиот маченик Гемел; Преподобен Тома Дефуркин;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 24 декември/ 11 декември   2025

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 24 декември/ 11 декември 2025

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф  23 декември/10 декември  2025

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 23 декември/10 декември 2025

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил  22 декември/9 декември  2025

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 22 декември/9 декември 2025

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная