логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


  Voskresna.Lit.jpg

  Скопје 14/15.2013- Светата и најголема празнична ноќ

    Voskresna.Lit.jpg

    Voskresna.Lit.jpg

    Voskresna.Lit.jpg

      Voskresna.Lit.jpg

  Најголемиот христијански празник, Воскресението Христово, масовно беше прославен во Република Македонија. Во Соборниот храм  во Скопје, со Воскресенската богослужба,-  Полуноќница и крсниот пат, чиноначалствуваше Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан со  свештенството   од Скопската епархија. По опходот околу храмот и објавата на Христовото Воскресение, со читањето на Воскреснио канон продолжи воскресна богослужба со Литургија на св. Јован Златоуст со која чиноначалствуваше Епископот Велички г. Јосиф. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

    Voskresna.Lit.jpg

    Voskresna.Lit.jpg

  Voskresna.Lit.jpg

  Voskresna.Lit.jpg

 Денес, нека се веселат небесата, нека се радува земјата;
нека празнуваат видливите и невидливите светови,
зашто Христос, нашата вечна радост – воскресна од мртвите!

(Пасхална песна)

  Voskresna.Lit.jpg

  Ако не си ја смириме помислата, ако не ја приклониме главата и не поверуваме цврсто дека сме ништо, и ако секој од нас не мисли за себе дека е последниот, најгрешниот човек, оној, кој ќе отиде во адот, нема да можеме да ја искусиме онаа особена радост на светото Воскресние и да ја празнуваме таинствено и неискажливо во нашите срца Христовата Пасха. „Секој горделив по срце е одвратен пред Господа“ (Изрек. 16, 5), „а на смирените им дава благодат“ (Јак. 4, 6). Бог ја слуша молитвата на смирениот. Особено срцето се очистува единствено преку смирение. Секоја добродетел, подвиг, присилување го имаат за цел очистувањето на срцето. А смирението е најефикасниот лек. Христос „ги приклони небесата и слезе“ (сп. Пс. 143, 5); слезе, се приклони, се смири, дојде кај нас како човек, а беше Богочовек – Бог и човек. Христос „ги приклони небесата и слезе”. Ние луѓето, и јас прв, не го веднеме својот врат пред Господ, не ја смируваме својата помисла. Жива е сè уште во нас гордоста. Се подвизуваме, за да му одолееме на тоа страшно расположение, и сепак, тогаш кога ќе помислиме дека имаме смирение, за кратко време чувствуваме дека гордоста пак ни се развива, бидејќи нешто сме почувствувале во молитвата, сме кажале нешто добро, нешто сме направиле – и ете, осилото на гордоста и славољубието нè боцка и нè тера да се дуеме дека нешто сме постигнале.

Некој брат бил нападнат од горделиви помисли. Отишол кај еден голем старец и му рекол: „Оче, чувствувам, дека во мене се развива горделивиот дух; се борам со него, но не можам да го победам. Што да сторам?“ Старецот му одговрил: „Чедо, ти ли си ги создал небото и земјата?“ – „Не, оче, чувај Боже!“ – „Оној, Кој ги создал небото и земјата, го создал духовниот свет на ангелите и небесното царство, Тој, Кој со Своето слово ја приведе сета Вселена, кажал дека е кроток и смирен, а ти, глината, земјата, грешниот, острастениот, се возгордуваш и си мислиш дека нешто правиш? Христос се наведна и ги изми нозете на Своите ученици, претрпе подбивање, хули и исмевање од толку народ и гол на крстот умре поради Својата љубов кон нас – Оној, Којшто можел со едно движење да врати сè во небитие; толку се смирил што не прозборел ниту збор, устата Своја не ја отворил, а ние луѓето креваме глава и веруваме дека сме нешто?“ Кога братот го чул ова мудро расудување, се смирил и се вратил во ќелијата, добивајќи голема полза. ( Ден е на Воскресението, да се просветлиме, луѓе, Пасха, Господова Пасха!)

Voskresna.Lit.jpg

    Voskresna.Lit.jpg

  Voskresna.Lit.jpg

  Voskresna.Lit.jpg

    Voskresna.Lit.jpg

  Voskresna.Lit.jpg

  Voskresna.Lit.jpg

  Voskresna.Lit.jpg

   На 04/05. мај 2013 г. во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје со почеток во 23:00ч. , Епископот велички г. Јосиф, Викарен епископ на Архиепископот г.г. Стефан за Скопската епархија, изврши опход и објава на Христовото Воскресение, а потоа отслужи Света Златоустова Литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ – Скопје, каде што верниот народ се причести со светото тело и пречесната крв на нашиот Спасител, Господ Исус Христос.
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА - НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!

  Voskresna.Lit.jpg

  Voskresna.Lit.jpg

  Voskresna.Lit.jpg

  Voskresna.Lit.jpg

  Voskresna.Lit.jpg

  Преминпортал (р.к./к.т.)

 

 SV400075

 ХРИСТОС ВОСКРЕСНА - НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА

 

5-мај, лето Господово 2013

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

« »

Православен календар

 

10/06/2026 - среда

Петровденски пости; (строг пост)

Св. Никита Исповедник, епископ Халкидонски; Св. маченичка Еликонида; Св. Игнатиј, епископ Ростовски; +Свети Варлаам Охридски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная