Скопје, 28.04.2013- Параклис на Свети Никола - Аеродром
Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим - Цветници
На големиот празник Цветници или Врбица, кога го празнуваме Влегувањето на Господа Исуса Христа во Ерусалим, во параклисот посветен на Св. Никола, свештеникот отец Бобан Митевски отслужи света Божествена Литургија. Со врбови гранчиња на подот од храмот, украсен со цвекиња, верниот народ го пречека Господа Исуса Христа во нашиот мал Ерусалим, во нашите христијански срца. Но, како што не поучуваше о. Бобан Митевски., во својата проповед, не треба да го пречекаме Христа и да го славиме само додека стоиме во храмот, туку да внимаваме, кога ќе излеземе од него да не го натажуваме и распнуваме Христа со небогоугодни дела, туку постојано да извикуваме: Осана во височините, Благословен е оној кој доагја во името Господово!Откако се причести верниот народ, со врбови гранцхинја во рака, го понесе благословот во своите домови.
За Преминпортал:
Дара Бриндева