Скопје, 28.04.2013 год.-Соборен храм
Денес, кога светата Православна Црква молитвено го прославува споменот од Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим, во соборниот храм на св. Климент Охридски, во Скопје, во присуство на насобраниот броен народ се отслужи Божествена Литургија. Многумина дојдоа да се помолат, но и голем број од нив пристапиа да се причестат со Светете Христови Тајни.
„Кога Царот, седејќи на осле, влегол во Ерусалим, сите луѓе – деца, возрасни, старци, простирајќи ја својата облека и со палмови гранчиња во рацете, кои се симбол на победата, брзо Го пресретнале, како Животодавец и Оној Кој ја победил смртта. Паднале на колена пред Него и потоа оделе по Него, не само на влезот од градот, туку и во самото свето место, гласно пеејќи: „Осана на Синот Давидов! Осана во висините!“ Пофалната песна „Осана“ се вознесува бидејќи во превод значи „Слава“. Додавајќи „во висините“, покажале дека Тој се прославува со песна не само на земјата и не само од луѓето, туку и од ангелите на небото“ (св. Григориј Палама)
Преминпортал (к.т.)
28-ми април, лето Господово 2013