Од најраната младост г-дин Љубе Јовчевски со својата многу побожна мајка го посетувале Марков манастир. Поминувале годините и многуте обврски што одат со нив, но споомените од детството и љубовта кон светит Димитриј и неговиот манастир останаа длабоко во срцето. Со Божја помош, денес тој е донатор на новоизградениот параклис посветен на св. апостол Марко, како и на гостинската трпезарија. Љубовта кон Бога и својот народ го поттикнаа да направи уште еден дар(убедени сме не и последен) на манастирот- семејната икона Пресвета Богородица, Млекопитателница.
„Иконата е многу ретка, изработена од тајфата на Дичо Зографот, во пориод од 1827 до 1831 година. Рамката во која е сместена иконата е во длабока резба со поставени медаљони на апостолите. Над Пресвета Богородица ставен е дополнителен изрезбан дел во кој е поставен ликот на Господ Исус Христос... Затоа што сакам пред иконата да се моли верниот народ а не само семејството, затоа ја дарувам на манастирот “, ни раскажува Љубе.
Параклисот е навистина прекрасен, а и многу е битен за литургискиот живот на сестрите кога ќе настапат студените есенски и зимски денови. Фрескописувањето започна пред извесно време и се надеваме верниот народ ќе помогне со своите донации што поскоро да се доврши .
Преминпортал
Друго:
Фрескоживопис во параклисот на Марков манастир
Посети:{moshits}