Пријдете, верни, да
пиеме не од земниот извор, но од источникот на светлината, поклонувајќи се на
Крстот Христов, зашто Крстот негов е наша слава.
Утрена, Крстопоклнона
Недела
Твојот Крст, Господи, е свет и носи исцеление на болните од гревот. Поклонувајќи му се, припаднуваме пред Тебе, помилуј нè.
Поуки на светите отци: …кога човекот е лишен од
Светиот Дух, како да се надеваме за негово спасение, како потоа тој ќе може
исправен да оди?
Свети Јован Златоуст
Молитва:
Господи Благ, научи нè со секој нов ден, со секој нов
опит подобро да ги разбираме Твоите зборови: »кој ќе го загуби својот живот
заради Мене, ќе го најде«. Губејќи се себе во Твоја служба, да се збогатиме со
радоста на животот. Амин
Созерцание: Не давај да застрани срцето мое кон лукави
зборови и да врши грешни дела. Да се исправи молитвата моја како кадило пред
тебе, воздигнувањето на моите раце – жртва вечерна.
Псалм 140, 4; 140,
2
Подготви: А.Л.
Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 114)
Бог никој никогаш не Го видел; Единородниот Син, Кој е во крилото на Отецот - Он Го објави. И тоа е сведоштвото на Јован, кога Јудејците испратија од Ерусалим свештеници и левити за да го прашаат: „Кој си ти?“ Тој призна и не одрече, а објави: „Не сум јас Христос.“ И го прашаа: „А што пак? Илија ли си ти?“ Одговори: „Не сум.“ „Пророк ли си?“ И одговори: „Не.“ А тие му рекоа: „Па кој си, за да можеме да им одговориме на оние, што нè испратија; што велиш за себе?“ Тој рече: „Јас сум глас на оној што вика во пустињата: израмнете го патот на Господа,“ како што вели пророкот Исаија. А испратените беа од фарисеите; и го запрашаа, велејќи: „3ошто тогаш крштаваш, кога не си Христос, ни Илија, ниту пророк?“ Јован им одговори и рече: „Јас крштавам со вода, но меѓу вас стои Еден, Кого вие не Го познавате. Он е Оној што иде по мене, Кој беше пред мене, и Кому јас не сум достоен да Му ги одврзам ремењата од обувките Негови.“ Ова се случи во Витавара, отаде Јордан, каде што крштаваше Јован.
Друго:
Великопосни Богослужби (14.02.2010)
СИНАКСАР - Оној што отпадна заедно со паднатите (ангели), поради слатката храна (Сиропусна недела)
+++
Друго:
- Великопосни Богослужби (14.02.2010)
- ПОНЕДЕЛНИК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (15.02.2010)
- ВТОРНИК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (16.02.2010)
- ЧЕТВРТОК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (18.02.2010)
СИНАКСАР - Оној што отпадна заедно со паднатите (ангели), поради слатката храна (Сиропусна недела)