Скопје, 19 март 2013 год.- храм на св.вмч. Димитриј
Преблагословена е благодатта од сечесниот пост; оти со неа Мојсеј ја прослави, и Законот на камени плочи го прими; младите момчиња посилни од огнот се покажаа; затоа со него да ги изгаснеме плотските страсти кои тлеат, на Христа Спасителот викајќи Му; Обраќање на сите подари ни и од пеколот избави не.
Од пророштвото на Исаија, читање
Вака вели Господ: Ако Ме барате и послушате, ќе ги јадете добрата земни; ако, пак, не сакате и се противставувате, меч ќе ве истреби, тоа го рече устата Господова. Како правичниот верен град Сион стана блудница? Во него царуваше правда а сега престојуваат убијци. Среброто ти стана како згура, виното ти е со вода помешано; твоите кнезови се престапници на законот и соучесници на крадци; сите тие сакаат подароци и лакомат за награда; не заштитуваат сирак и поплака на вдовица не стигнува до нив.Затоа вели Господ, Господ Саваот, Силниот Израилев: „О, ќе ја истурам јароста на противниците Свои и ќе им се одмаздам на непријателите Свои!
На 19 -ти март 2013 година, во вторник од правата седмица на Великиот пост,кога Светата Црква молитвено го празнува споменот наСветите Четириесет и двајца маченици од Амореја и Блажениот Јов, во присуство на Епископот Велички г. Јосиф, во храмот на св. вмч. Димитриј во Скопје, се отслужи Утрена со Вечерна богослужба со читање од книгата Битие (1,1-13), и од книгата на Соломоновите изреки.
;
Преминпортал (к.т.)