Скопје, 7-ми март 2013 год. - храм на св.вмч. Димитриј , на празникот на светиот маченик Маврикиј и седумдесетмина војници, и Многубројните маченици во Евгенија близу Цариград
На 7-ми март 2013 година, во храмот на св.вмч. Димитриј, во Скопје, светиот маченик Маврикиј и седумдесетмина војници, и Многубројните маченици во Евгенија близу Цариград, протоереј Зоран Стаменковиќ одслужи Утрена богослужба.
За да стане некој доволно опитен во разликувањето на добрата совест од лошата, мора да мине низ послушанието. Доколку не помине низ послушанието, ќе биде неопитен. Тој може да има благодатни дарови, може да има добра душа, може да прави разни добри дела, но ќе видиш дека секогаш “куца“ во поглед на расудувањето и смирението. Прва и превасходна добродетел што ја дава потчинетоста на Старецот е расудувањето, коешто доаѓа преку смирението. Со други зборови, послушанието го кали карактерот на човекот и најпрво му дава расудување и смирение.
о.Зоран Стаменковиќ, во пресрет на престојната Задушница (сабота, 9-ти март): „ Нашиот народ во последните години, како што многу обврски и должности не ги почитува и извршува, се поретко ги посетува гробовите на своите починати, а со принесувањето на виното, пченицата и лепчето, свештеникот, да се помоли на Бога за нивните души. Покрај Задушницата, во народ постои лош обичај, на погребот, и потоа на парастосите, да не ги водат своите дечиња. Како што ги учиме на многу работи, така треба и за ова. Молитвата која свештеникот ја принесува за починатиот има големо значење за очистување на многуте гревови.И не само за задушницата, ние треба да се молиме на Бога секој ден, за нашите пријатели, луѓето, а особено за починатите. Ако не го правиме тоа ние правиме грев кон Бога и грев кон своите починати бидејќи не се грижиме за нив. Тие со заминувањето од овој свет, неможат да направат ништо за душата, а многу зависи од молитвите на Црквата, молитвитена свештениците, состојбата на душите во загробниот живот да се ублажи“.
Преминпортал (к.т.)
7-ми март, лето Господово 2013