Старец Ефрем Филотејски
-
Ѓаволот ја напаѓа секоја молитва, но особено е агресивен кон Исусовата. Со својот внатрешен глас, човекот може лесно да ги кажува сите други молитви. Меѓутоа, штом ќе ја започне Исусовата молитва, се собираат сите демони. Противењето на сатаната и војната што ја води тој, откриваат колку е добра, духовна и плодоносна оваа молитва. Ние не сме разбрале што сме стекнале и колкава е ползата од оваа молитва. Затоа немаме желба и трпение за молитвата. Значи, да се бориме. Да се трудиме во молитвата додека Бог не ни ја испрати Својата благодат, а таа, кога ќе дојде, ќе нè упати во сè.
-
Јазикот мора многу да се намачи за да се искупи за секое празнословие и за сите свои падови и мора да ја стекне навиката за молитва. Навиката не може да се створи без труд и работа. За да дојде благодатта, мора да се пројави и смирение. После тоа патот ќе биде отворен. Молитвата ќе се прилепи за нашето дишење, а умот ќе се разбуди и ќе ја следи. Со време, страстите стивнуваат, помислите се повлекуваат, а срцето станува мирно.
03.03.2013 год.