Старец Паисиј Светогорец
Оние што постојано се движат ненахално, со добри мисли, кажувајќи ги сите свои помисли на старецот, при што со многу смирение веруваат дека не направиле ништо добро (додека се трудат со голема усрдност), тие ја кријат најголемата духовна ризница во себе, не знаејќи го тоа ни самите тие, ни другите луѓе. Така, богатството не се растура ниту од нив самите, ниту пак од другите може да биде украдено. Бидејќи смирениот и добродушен човек има чистота, внатрешен и надворешен мир, тој има и духовна длабочина и е во состојба подлабоко да ги согледа Божествените значења, тој има поголема помош и неговата вера постојано расте, живеејќи ги тајните Божји. Покрај тоа што е помрачен, гордиот е постојано и духовно и телесно вознемирен, а од леснотијата на егоизмот само површно ги согледува нештата, без да може да навлезе во длабочината каде што се наоѓаат духовните бисери, од коишто пак, се раѓа духовното богатство.
25 јануари, лето Господово 2013