Поголема благодарност треба да им оддадеме на оние што нè боцнаа со што излегоа трњата од нашата душа, отколку на оние што бесплатно ќе ја ископаат нашата област и ќе ни ја покажат нашата скриена непозната ризница. Не му користи некому да ги струже своите колена со неброени метании, ако воедно не си го изриба образот со смирение (со внатрешното покајание). Оној што бара смирение од Бога, но не го прима човекот што Бог му го праќа за да го смири, не знае што бара, бидејќи добродетелите не се купуваат како продукти кај бакалот (колку што сакаме килограми), туку Бог ни праќа луѓе да се преиспитаме и да се потрудиме да се здобиеме со доблестите за да се овенчаме со нив.( Старец Паисиј Светогорец )