Свето Богојавление Господово - Скопска епархија
Денес, кога Православната црква го празнува Големиот Христов празник - Богојавление, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан отслужи архиерејска Божествена Литургија во црквата на св. вмч. Димитриј во Скопје заедно со свештеници од Скопската епархија.
По отслужената Литургија се изврши Голем Богојавленски водосвет и верниците се упатија кон р. Вардар каде беше положен Крстот за осветување на водите.
Бог се јави!
Навистина се јави
Водокрст во црквата на Света Богородица во Тетово (18.01.2013 17:58) - Полошко-кумановска епархија
На 18.01.2013 лето Господово, на празникот Водокрст, со благослов на нашиот надлежен епархиски Архиереј Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил, во црквата на Света Богородица во Тетово се отслужи Света Архиерејска Литургија од страна на Неговото Преосвештенство Епископот Лешочки г. Јосиф.
Во својата беседа пред присутните голем број верници, Епископот Лешочки г. Јосиф го образложи значењето на овој голем светоден. Веднаш потоа беше осветена водата во црковниот базен во кругот на црквата, каде по светиот крст скокнаа: Љубиша Марковиќ, Андреа Ристовски и Дарко Јованоски, кој беше најсреќен меѓу нив, бидејќи успеа прв да го фати крстот, а Епископот му подари златен крст со ланче.
Верниците присутни на овој свет чин со радост земаа од осветените води понесувајќи во своите домови за мир, здравје и бериќет.
НАЈНОВО ОД ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКАТА ЕПАРХИЈА
Богојавление - Водици! - Повардарска епархија
Кога Господ Исус наврши триесет години од телесното раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг. И самиот почеток на тоа го означи со примајќи Крштение на Јордан. Како што вели Свети Кирил Ерусалимски: „Почеток на светот е водата, почеток на Евангелието е Јордан“. Кога Исус Христос се крштеваше во водите на Јордан, на светот му се објави онаа тајна која во Стариот Завет само се навестуваше, за која во Мисир и во Индија единствено се баснословеше: тајната на Божествената Троица. Отецот му се јави на сетилото за слух, Духот на сетилото за вид, а Синот дури и на сетилото за допир.
Богојавление во Штип - Брегалничка епархија
На 19. 01. 2013 година, денот на Крштевањето на Господ Исус Христос – Богојавление – Водици, во сите храмови во Брегалничката епархија беше свечено одбележан а централната прослава се одржа во Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип, каде Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници при Соборниот храм, отслужи Света Архиерејска Литургија.
20 јануари лето Господово 2013