РождествоХристово-Божик
Reynoldsburg (Columbus), Ohio, 5-9 January 2013.
Христоссераѓа-славете,
Христосоднебото-пречекајтеГо,
Христосназемјата-воспејтеГо,
ПејМунаГосподцелаземјоворадост,
ПејтеМународи, зоштосепрослави!
Рождественската Божикна радост годинава ни започна уште во саботата со Света Литургија за денот на Преподобниот Наум Охридски, за вечерта на Коледе, децата од нашата црковна заедница дојдоа со своите родители да Му се порадуваат на доаѓањето на Новородениот Богомладенец пред коледарскиот оган, како некогаш кога пастирите Витлеемски, гледајќи ја Ѕвездата, се радуваа за единственото ново под сонцето-Христос Овоплотениот.
Врв на празнувањето секако беше Светата Божествена Литургија на првиот од трите дена на Рождеството Христово, на којашто служеше нашиот парохиски свештеник-протоереј ставрофор, отец Душко Ѓорѓиевски. Прислужник во олтарот бешеЛазар Пасковски. На певницата се потрудија Љубен Ристески и ипоѓаконот Ѓорѓи Ѓурчиновски.
Многуброен верен македонски народ, како и православни верници од други нации од Columbus се упатија кон црковните двери на Светиот Храм, за да заблагодарат заедно за раѓањето на Богомладенецот Христос.
Од нашата Татковина Македонија, за овој Божик, на гости го имавме поранешниот студент во Колумбус, а сега министер за информатичко општество и администрација во Владата на Република Македонија, господинот Иво Ивановски. Во оваа прилика тој на нашата Црковна библиотека и˜ подари книги со што фондот на нашата библиотека се збогати за повеќе од стотина наслови. Искрено и одсрце му благодариме!
На Светата Литургија дел од верниот народ се причести со Светите Таинства. На здравје и спасение!
Слава на Бога во висините,
на земјата мир,
меѓу луѓето добра волја!
Христос се роди! Навистина се роди!
Подготвиле:
Лазар Пасковски
ипоѓакон Ѓорѓи Ѓурчиновски