Во храмот Св. Никола во Скопската населба Север со света Василиева Литургија се рашири Радосната вест за Рождеството Христово. Верниот народ радосно учествуваше во Литургијата и се причести со Светите Христови Тајни. Литургијата ја предводеше презвитер Ивица Тодоров.
Секако и ние живееме во тешки времиња кои на духовен план ни отвораат многу предизвици. Во овој контекст од особена важност е сликата за нашиот Создател која ја имаме и градиме во себе. Ако во себе негуваме слика за Неговата апсолутна Љубов, Добрина, Вистина и Убавина, таквата слика сигурно ќе ни помогне да собереме сили да Му пријдеме и да се препуштиме на Неговата Света волја. Таквата слика помага на една страна како подкрепа во духовните растројства и страдања кои непрестајно ги доживуваме; но на друга страна и како творечка инспирација.
Preminportal
Ратислав Кардалев