Униние, етимолошки означува, отсуство на грижа за спасение
. Освен некои, безмалку ретки исклучоци, сето човештво живее во состојба на униние. Луѓето станаа небрежни за своето спасение. Не го бараат божествениот живот. Се ограничуваат во рамките на телесниот, во потребите на секојдневието, во страстите на светот и во компромисните дела. Сепак, Бог нè создаде ни од што, според Неговиот образ и подобие. Ако ова откровение е вистинско, отсуството на грижа за спасение не е ништо друго, освен смрт на личноста. Безнадежноста е губење на свеста дека Бог сака да ни даде вечен живот. Светот живее во безнадежност. Луѓето самите себе се имаат осудено на смрт. Треба да се бориме гради во гради со унинието.
Старец Софрониј