Утрински молитви
Троични тропари
Благи, станувајќи од спиење, пред Тебе припаѓаме и ангелската песна Ти ја пееме, Крепки: Свет, Свет, Свет си Боже; преку Богородица помилуј нѐ.
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Господи, Кој ме подигна од постелата и од спиење, просветли го мојот ум. отвори ми ги срцето и усните за да Те воспевам, Света Троице: Свет, Свет, Свет си Боже; преку Богородица помилуј нѐ.
И сега и секогаш и во вечни векови. Амин.
Одненадеж Судијата ќе дојде, и ќе се откријат делата на секого; но со страв на полноќ да повикаме: Свет, Свет, Свет си Боже; преку Богородица помилуј не.
Господи помилуј (12 пати)
Тропар. Глас 6.
Со минувањето на ноќта се приближи денот и светлина на светот му блесна. Поради тоа, Христе Боже, Те воспеваат и славословат ангелските чинови.
Благодарствена молитва
Откако станав од сон, Троице, затоа што поради Твојата голема добрина и долготрпение не се прогневи кон мене мрзливиот и грешниот, ниту ме погуби со моите беззаконија, туку го покажа Твоето вообичаено човекољубие и ме подигна мене кој лежев во очајание, за да Ти утренувам и да ја славословам Твојата моќ. И сега просветли ги очите на мојот разум, отвори ми ја устата, за да го изучувам Твоето слово и да ги разбирам Твоите заповеди, и да ја творам Твојата волја, и во срдечно исповедание да Ти пеам и да го воспевам Твоето сесвето име, на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.
Молитва од светиот Василиј Велики
Те благословуваме вишни Боже и Господи на милоста, Кој со нас секо¬гаш правиш големи и неискажливи, славни и чудесни дела, коишто се безбројни, и Кој си ни дал сон за одмор на нашата слабост и воздишка од трудот и напорите на нашето многунамачено тело. Ти благодариме, затоа што не нѐ погуби со нашите беззаконија, туку како и обично го покажа Твоето човекољубие и не подигна нас паднатите во очајание за да ја славословиме твојата моќ. Затоа и се молиме на Твојата неискажлива благост, просветли ги очите на нашиот разум, и подигни го нашиот ум од тешкиот сон на мрзливоста. Отвори ни ја устата и исполни ја со Твојата пофалба, за да можеме непречено и нерасеано да Ти пееме и да Те славиме Тебе, во сите и од сите прославуваниот Бог, Беспочетен Отец со Твојот единороден Син и Пресветиот и благ и животворен Твој Дух, сега и секогаш, и во вечни векови. Амин.
(Продолжува)
Извор: Православен молитвеник
Лето Господово 2012