логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 molitvenik.dom.jpg

И што понатаму?

 Не разбирам како може доброто дело, со чиста мисла во умот и срцето, да биде за соблазна на некои? Овде има нешто “гнило”! Или јас навистина ги соблазнувам, или пак тие страдаат од болеста на зависта. А можеби и Господ допушта такви дејанија за да види колку јас ќе издржам, дали ќе ги фрлам плодовите кои со седмици ги собирав или пак ќе ги задржам во кутијата. Нели во нашата слабост се покажува Божјата сила - тоа колку сме во истата силни. Во моментите кога полека собирам плодови, не чувствувам товар. Тежината се чувствува на крајот - кога ќе ги соберам плодовите. Итајќи кон мигот за наслада од нив, судено ми е секогаш да наидувам на бездна.
И повторно искушение.
Да скокнам - широко е.
Да слезам – длабоко е.
Да го оставам трудот – не можам.. Зарем трудот е за фрлање, не за создавање?
Во мене се крши човекот. Какво ли решение да донесам?
Во моментите на молскавучно мислење како да ја преминам пречката за да го продолжам, од Бога зададениот пат, се појавуваа неволји, или пак ѓаволи се? Тие пак, напаѓаат се повеќе и повеќе. Па така јас, треба да се борам и со нив, и со потребата да ги заштитам плодовите, кои долго ги собирав.
Непознатото што татне во мојата глава прашува што понатаму?
Напред? Долу? Назад?
Разумот ме учи дека не можам да продолжам, не можам да го продолжам од Бога зададениот пат.
Назад. Да, назад е решението.
Што друго да чинам освен да се вратам назад и повторно да почнам од почеток. Веројатно Господ забележал незавршена задача која ми ја поставил, па побарува да се вратам, да ја завршам, па потоа да продолжам. Единствено тоа ми останува!
 И така почнувајќи од почеток, сега повеќе размислувам како да се одбранам од ѓаволите кои постојано го пресретнуваат мојот пат.
Разамислам, колку ли се радуваат кога ќе си веруваат во сопствената лага дека ме победиле! Па добро, и немаат друга работа, освен да пресретнуваат туѓи патишта, да напаѓаат, да грабаат, да ја кршат вратата на срцето. Сепак, најзаинтересирани се за пленот кој сакаат да го грабнат за себе. Не, не за себе туку да отрчаат и да се пофалат пред својот господар дека денес сработиле нешто, а тој широкоградо да ги пофали. Тоа ли е среќа? Да те пофалат за уништување на туѓо дело? Туѓ живот? Туѓа иднина? И да се сладиш со тоа? Тоа е ѓаволската наслада.
Но, ние сме Божји чеда. Нашата наслада е трудот, упорноста, вербата во Божјата патека.
Решив, се враќам.
 Да можеше лесно да се дојде до смирение, сите лагодно ќе ја преминеме таа бездна на патот. Да беше лесно, само ќе прелетавме во нашата смиреност и ете не, стасавме од другата стана, стасавме до Великиот.
 И решив уште нешто. Да молчам. Оти ако премногу зборувам додека ги собирам животните плодови, се плашам дека ќе дојдат пак оние, ќе ме слушнат, ќе ми запишат некоја набрзина изустена мисла. И, кога ќе треба да ми го нарушат смирението, веднаш ќе ја извадат обвинителната мисла.
Одговори сега не барам, веројатно сум недоволно подготвен за да разберам. Можеби треба да почекам. Имам уште многу работа, ме чекаат уште многу падови, а кога ќе дојде време, моќта на знаењето ќе ме зајакне и мудро ќе ме води низ лавиринтите на животот.
Тогаш мојот крст не ќе биде толку тежок!
Тогаш мојот крст ќе биде поголем!
Тогаш мојот крст ќе ме спаси,
затоа што од тежината на мислата ќе се смирам,
а неговата должина ќе ми помогне
да ја поминам бездната, правејќи си мост и со него,
со МОЈОТ КРСТ, во ХРИСТА ќе се СПАСАМ!


 Од ризницата на животот извадено... недовршено!


Стојан Серафим Андов
Троитско Свет манастир
Џорданвил

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Православен календар

 

18/06/2026 - четврток

Петровденски пости; (пост со масло)

Св. свештеномаченик Доротеј, епископ Тирски; Преп. Теодор Пустиник; Преп. Анувиј; Блажениот Игор, кнез Черниговски и Киевски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная