логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Bogorodica.Iversko.Havajska.jpg

Мироточива икона на Мајката Божја, Иверско- Хавајска
голема светиња и утеха во Америка!

 

 Кога свети Андреј имал видение, ангел го зел во рајот и таму тој ги видел сите светии, но никаде не ја видел Мајката Божја. Тогаш го прашал ангелот да му каже каде е Пресветата. Ангелот му реков дека Пресветата речиси сето свое време е на земјата за да им помага на луѓето. Зар има поголема љубов од мајчинската? Кој ќе не утеши кога сме во тага, ако не нашата мајка!
И нашата небесна Мајка постојано е со нас, покривајќи не со својот Омофор, ни кажува колку не љуби. Таа навистина знае што е љубов, што е болка. Таа го растеше Спасителот по плот, Христос и кога Тој страдаше на Крстот, и Таа со срцето свое страдаше.
 Викендов, ( на 27 и 28 Октомври) овде, во Светотроитскиот манастир во Џорданвил Њујорк, ни дојде мироточивата икона на Мајката Божја, Иверско-Хавајска. Чувството да се пречека и види повторно оваа икона беше прекрасно. Јас не можам овде да Ви опишам затоа што чувствата не се опишуваат, туку се доживуваат и чувствуваат. Во овој викенд бев “избран” да ја видам верата, радоста, силзите на многу луѓе од Источниот дел на Америка. Видов колку само солзи се пролееја пред таа Мироточива икона. Колку само Молебни се служеа, молитви и прозби се принесуваа. А иконата не престануваше да мироточи. Бев сведок и сведочам за истото колку само миро се лееше од истата.
 Си спомнувам во неделата на Литургијата, всушност пред да го изнесат путирот и да причестуваат, јас пристапив да се поклонам и да ја целивам. Додека ја целивав, со својата рака ја допрев ризата од долниот дел на иконата и...сета беше мокра, мојата лева рака беше цела натопена со миро. Значи колку милост ни дава Богородица! Тоа се оние чувства кои не можам да ги опишам, а и подобро е да ги заклучам во своето срце. За време на Литургијата, во целата црква се чувствуваше благоухание од мироточивата икона.
 Сега малку да кажам за историјата на мироточивата икона. Всушност оваа икона е поврзана со еден друг настан, со една друга мироточива икона.

 brat.Josif.jpg

Брат Јосиф. Првата икона која тој да доби од Света Гора и почна да мироточи. Маченички беше убиен во Атина во 1997. По неговата маченичка смрт никој не знае каде е мироточивата икона.


 Во Канада живееше еден брат во Христа Јосиф. По потекло тоа беше шпанец, новопокрстен. Еден ден тој ја посети Света Гора, поточно беше во еден скит. Таму тој ја видел иконата на Мајката Божја – Иверска, рачно насликана. Што тој почувствувал кога ја видел иконата, не знаеме, но пред да замине од таму, отец Клемент од истит скит  го вратил назад и му рекол: “Пресветата Дева Богородица ќе замине со тебе.” Така тој да добил истата Иверска икона.
Подоцна на 24 Ноември 1982 истата икона почнала да мироточи. Оваа мироточива икона беше наречена “Иверско-Монтреалска.” Иконофорос (хранител) на иконата беше брат Јосиф. Тој ја носеше насекаде на поклонение. Ја имаше при себе цели 15 години. На 30 Октомври, во Атина, тој брутално беше мачен во хотел, во неговата соба и убиен. Од тогаш никој не знае каде се наоѓа таа мироточива икона. Просто кажано, Бог за земал од нас. Брат Јосиф беше иконофорос на мироточивата икона 15 години. Тој загина маченички за Мајката Божја. Погребан е на гробиштата во Џорданвил.

brat.Nektarij.jpg   brat.Nektarij.jpg

brat.Nektarij.jpg

 Брат Нектариј, хранителот на мироточивата икона Иверско-Хавајска.Истата почна да мироточи во 2008 год. 
  Bogorodica.Iversko.Havajsk1.jpg

 Во 2008 години, по соединувањето на Руската Задгранична Црква со Москва, на Хаваи, во домот на еден верник, брат Нектариј протече копија од иконата на Мајката Божја Иверска. Неговиот парохиски свештеник истата икона ја купил од Торонто, во Канада за 20 долари и му ја подарил нему. Истата таа почна да мироточи. Кога веќе видоа дека иконата многу мироточи, Светиот Синод на Руската Задгранична Црква ја прогласи иконата како мироточива и одлучи хранител на истата да биде брат Нектариј. Многумина ова чудо со новата икона која почна да мироточи ја поистоветуваат со онаа на брат Јосиф. Всушност оваа икона Бог ни ја прати како утеха. Едната, на брат Јосиф, ја зема, но друга, иста Иверска ни прати.
 Оваа година е јубилејна за таа мироточива икона. Се исполнуваат пет години откако почна да мироточи иконата. Главната прослава се одржа на почетокот на Октомври во Катедралниот храм во Сан Франциско, посветен на Мајката Божја- Радост на сите нажалени, каде што се наоѓаат нетлените мошти на свети Јован Шангајски и Сан Франциски. Низ тие три дена во тој храм дојдоа пет илјади луѓе за да се поклонат на мироточивата икона. Брат Нектариј често патува низ цела Америка, носејќи ја мироточивата икона на поклонение, па така дојде и кај нас во Џорданвил. Обично мироточивата икона доаѓа во Џорданвил на денот кога беше убиен брат Јосиф и на неговиот гроб служат панихида. Па така и оваа година Митрополитот на Руската Задгранична Црква Иларион отслужи панихида и секако мироточивата икона беше присутна.

 Mitropolit.Ilarion.USA.jpg

  Кога пристигна автомобилот со иконата, брат Нектариј се уште не беше излезен од автомобилот, а веќе насекаде околку нас на гробиштата замириса на миро. И додека траеше панихидата тоа благоухание не престануваше. СО ЕДЕН ЗБОР, ИКОНАТА МНОГУ МИРОТОЧИ. Јас навистина во својот живот немам видено мироточива икона на Мајката Божја толку многу да мироточи. На крајот, кога заврши панихидата, брат Нектариј ја отвори иконата и целото дрво околку иконата беше облеано со миро. Исто така сите забележавме на памукот кој стоеше под иконата, мирото на памукот беше како и обично во жолта боја, но на некој дел беше и светло црвена (или светло кафеава). На ова брат Нектариј рече дека многупати мирото од иконата ја менува бојата.
 И така радоста да бидеме со оваа мироточива икона беше голема. При крајот на денот, брат Нектариј замина со мироточивата икона во Хаваи, местото каде што почна истата да мироточи.
 Непрестано да и се молиме на Мајката Божја, Таа да благослови да ја посети и нашата Македонија со нејзината мироточива икона, па и нашиот народ да се наслади од таа радост и да го види тоа чудо кои е живо во Америка. Кога се молиме сите, тогаш молитвата е силна, па верувам Богородица ќе ја слушне нашата молитва!
 Радувајте се со радоста на која се радував и јас!

 ПО МОЛИТВИТЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА, БОГ ДА ГО ЧУВА И ЗАШТИТИ НАШИОТ НАРОД ОД РАЗНИ НАПАСТИ, ИСКУШЕНИЈА, ОЧАЈАНИЕ, ЛАЖНИ УЧЕЊА...А ХРИСТОС СО НЕГОВАТА МАЈКА, ПРЕЧИСТАТА, ДА НЕ ПРИВЕДАТ КОН ЕДИНИОТ ВИСТИНСКИ БОГ!

Троитско - Свет Манастир
Џорданвил, Њујорк
Стојан Серафим Андов
 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Православен календар

 

18/06/2026 - четврток

Петровденски пости; (пост со масло)

Св. свештеномаченик Доротеј, епископ Тирски; Преп. Теодор Пустиник; Преп. Анувиј; Блажениот Игор, кнез Черниговски и Киевски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная