Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква, на својата седница одржана на 31 октомври 2012 г. посвети сериозно внимание за тековните настани и состојби во МПЦ.
Синодот ја поздравува изјавата на Претседатслот на Република Србија. г. Томислав Николиќ, во којашто тој ја искажа својата подготвеност да даде свој придонес за решавање и надминување на повеќедеценискиот спор помеѓу Македонската и Српската Православна Црква, очекувајќи, притоа, дека дадените изјави ќе донесат продолжување на прекинатиот дијалог домеѓу двете Цркви.
Синодот ја разгледа и состојбата во македонските православни црковни оптштини во Австралија, како и предлогот на Епархиското собрание на Австралиско-новозеландската епархија на МПЦ, а, особено, најавата на неколкуте црковни општини кои се во недоразбирање со надлежните епархиски власти и органи, при што се повикуваат истите да остварат непосредна комуникација со Синодот и, преку меѓусебен дијалог, да сс изнајде решение за надминување на повеќегодишниот спор.
ОД КАНЦЕЛАРШАТА НА САС НА МПЦ