логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



00.jpg15/28 октомври 2012 л. Г.

Четириесеточислени атлети, на Битола заштитници и застапници, секогаш подигнувајте ги кон Христа рацете, за и нам да ни излее дождови од благодат.
(Величание на светите Четириесет битолски преподобномаченици)

Блажени сме ние, зашто ни заблеска денес светлозарно торжество, нe озари небесна светлина! Се весели градот Битола, преисполнет со свештена радост! Ете, се покажаа во небозрачна слава светите Четириесет преподобномаченици, тие благоухани цветови на Битола. Да ја славословиме нивната слава, да се радуваме со нивната радост! Радувај се и ти, чудесен храме на великомаченикот Димитриј, зашто беше посетен од Четириесетте Христови страдалници, стана сведок на нивната прослава  од земната и небесната Црква. Нe повикаа денеска добропобедните Битолски маченици на духовна радост и ангелска наслада и ни го предложија доброто вино од нивниот подвиг на нас, чедата и браќата нивни по вера и од прекрасната трпеза на нивното победничко торжество, секогаш исполнета со небесно јастие, ги нагостија своите браќа, сограѓани и сродници, кои со срдечна желба во големо мноштво притекнаа да јадат и да пијат на таа трпеза. Притекнаа да пеат благодарствени песнопенија и, радувајќи се, да Го славословат Бога, Кој ги овенча главите на светите Преподобномаченици; со голема радост да ја опкружат светата икона на Христовите воини, сакајќи да земат благослов и да добијата исцеление на душите и телата. И какви јазици и зборови да изнајдеме, ние земнородените, за достојно да го опишеме мигот на неовоземното торжество, кога после малиот вход на божествената Литургија, митрополитот Преспанско-пелагониски, г. Петар, прочита за страдалничкиот подвиг на светите; кога архимандритите и отци наши Партениј и Дамаскин ја изнесоа од олтар нивната прекрасна икона; кога архиепископот Охридски и Македонски, г. г. Стефан го благослови со неа верниот народ. Навистина, неуки се покажуваме со слово да ја искажеме таа чудесна благодат, таа свештена радост, тоа ангелско веселие што ги посети нашите души во тој миг, кога земното со небесното се спојуваат. Тогаш, како да беа присутни и се радуваа заедно душите на сите битолчани, паднати на браникот за верата и татковината. И како подостојно можеше да заврши тоа прославување од земната Црква на светите Битолски преподобномаченици, ако не со свечена литија со нивната икона низ центарот на градот, кој е сведок на нивниот храбар подвиг и непоколебливата им љубов кон Бога и татковината? Беше тоа неопислива глетка да се види: поминува торжествената литија со иконата на Светите, носена на раце од битолчаните Кире Божиновски, Горан Милевски, Ламбе Алабаковски и Александар Најдовски, во созвучие со победничката химна на Пресвета Богородица, возгласувана од лимениот оркестар на МКЦ, а на славниот „Широк Сокак“ стотици и стотици дечиња, облечени во традиционални народни носии и голем број верници, и млади и стари, со радост и љубов фрлаат цвеќиња и гранчиња пред светата икона, оддавајќи им достојна чест, и поклон, и хвала на своите небесни сограѓани, светите Четириесет битолски преподобномаченици.
А на плоштадот „Магнолија“, пред верниците, кои ја докажаа својата вера и љубов кон Битолските светии со тоа што и покрај врнежливото време, излегоа во огромен број, со пригодно слово најнапред се огласи и градоначалникот на градот, г. Владимир Талески:

„Почитувани браќа и сестри, верници и битолчани! Денес е голем ден за Битола, голем ден за Македонија, голем ден за Македонската Православна Црква...  Денеска, после многу децении, после многу векови - Господ така сакал - светите Четириесет битолски преподобномаченици се канонизирани. Денеска нив ги прославуваме како светци. Нека ни се напомош! Го имаме св. Нектариј, којшто ни е заштитник на градот Битола, но од денеска ги имаме и овие свети Четириесет преподобномаченици, коишто, исто така духовно ќе бидат секогаш споени со нас. Веруваме во нив! Сите ние, коишто сведочиме за овој настан, имаме голема привилегија, затоа што прогласувањето на светците не се прави секоја година и секој ден. Од името на општина Битола Ви посакувам добро здравје и Ве повикувам сите да се молиме и да ги повикуваме овие Преподобномаченици, да ја заштитат Битола, да ја заштитат Македонија, за доброто на македонскиот народ, за сите наши македонци, за сите наши верници. Нека ни е за многу години!“

На самиот крај од ова небоземно славење, со своја похвална беседа за Мачениците, кон верните се обрати и митрополитот, г. Петар:

„Во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух! ’Крвта на мачениците е семе за нови христијани‘ – така вели св. Кипријан, восхвалувајќи ги мачениците. Еве, и денешниве славеници, светите Четириесет битолски преподобномаченици, ги прославуваме токму поради тоа што тие, со својата света крв ја одбранија и покажаа вистински пример како се брани светата, православна наша вера и татковината. Тие не војуваа со пушки и со топови, тие војуваа со Божјото слово. Тие војуваа со Вистината. А Христос, нашиот Спасител, рекол: ’Јас сум патот, вистината и животот‘. Токму со Христа војуваа, Христа – совршената љубов, совршеното добро, против злото на сатаната и неговите последователи. Денеска, браќа и сестри, и ние треба да војуваме, но не со пушки и со топови. Треба да војуваме со Вистината, како што војувале и овие свети Четириесет битолски преподобномаченици. Примерот за тоа нека ни биде Христос, нашиот Спасител, Кој кога ја говорел вистината бил биен, плукан, шамаран... И ние кога ќе ја говориме вистината, кога Христа, нашиот Спасител, ќе Го сведочиме, не треба да се плашиме, зашто оние што сметаат дека не е вистината во Христа, нека докажат каде е... Затоа повикувам на света Војна, на добрите луѓе, со добрите дела и намери, против злото и сатаната. Тоа би било по примерот на овие свети Четириесет битолски маченици. Тие не војувале со пушки и топови, и ние нема така да војуваме, но со добри дела да ја сведочиме Вистината – Христа нашиот Спасител. Нека ни е честит и за многу години празникот. Амин!“

Како да ве восхвалиме, свети Четириесет битолски преподобномаченици, совршени христоносци, или како да ве наречеме, славни и блажени? Кој ќе биде во состојба да ја пофали вашата вера? Мудроста на говорниците и мудреците изнемоштува, гледајќи го вашиот необичен и достојнохвален подвиг! Но вие, победоносни Четириесетмина, кои доброволно сте претрпеле тага и маки од љубов кон Бога и Спасителот и имате слобода пред Самиот Владика, застапете се, о, светии, за нас, раслабените, грашните и мрзливите, да дојде на нас Христовата благодат и да ни ги просветли срцата, за и ние да Го возљубиме Господа, како што и вие сте Го возљубиле. Амин!

02.jpg

03.jpg

04.jpg

06.jpg

08.jpg

09.jpg

11.jpg

12.jpg

14.jpg

15.jpg

 17.jpg

19.jpg  20.jpg

25.jpg

29.jpg

30.jpg

32.jpg
✤✣✤

Пригодно слово на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски, г. г. Стефан, по повод прославата на светите Читириесет битолски преподобномаченици

1 Изнесување на икона на Преподобномачениците from Rajcica on Vimeo.

2 Благословување со иконата from Rajcica on Vimeo.

3 Литија from Rajcica on Vimeo.

4 Литија на Широк Сокак from Rajcica on Vimeo.

5 Говор на градоначалникот на Битола from Rajcica on Vimeo.

6 Говор на митрополитот Петар from Rajcica on Vimeo.

7 Враќање на литијата во црква from Rajcica on Vimeo.


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

08/06/2025 - недела

Слегување на Светиот Дух- Педесетница

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,кога им го испрати Светиот Дух,и со нив ја улови вселената,...

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2025

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2025

Пророче и Претечо, Христос ни ја откри твојата глава како божествена ризница скриена  во земјата. Затоа, собрани сите во денот...

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Помазаник на Божјата благодат, од утроба посветен на славословие Господово, Симеон стана огнен молитвеник од земјата до небото, цврста поткрепа во Бога имајќи,...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная