За време на празниците Богојавление и Собор на Свети Јован Крстител имав можност да пропатувам скоро 3000 километри заедно со свештеникот Ристо Тоцинов и самиот да се уверам во големината и напорот на Македонската Православна Мисија на овие простори. Бев воодушевен од малубројните но големи верници и родољуби кои возат и по 200 километри за да присуствуваат на Богослужба на свој мајчин јазик. Големата желба да се има своја црква и свој свештеник лесно ја совладува оддалеченоста.
На празникот Богојавление во црквата Свети Димитриј во Палм Бич Гарденс отец Тоцинов отслужи Света Божествена Литургија по која прекрасно беседаше за значението на овој празник. Потоа го пресече славскиот колач, изврши лицитирање на икони и Богојавленски Водосвет.
Ова празнично расположение беше дополнето со свечен ручек и народна веселба.
Наредниот ден на празникот Собор на Свети Јован Крстител во црквата која го носи името на овој голем пророк и претеча во Њу Порт Ричи пред повеќе од 200 парохјани беше отслужена Божествена Литургија, а потоа во чест и слава на светителот се направи празничен водосвет и се освети и прекрши славскиот колач.
Фото и текст: Глигор Стефанов
Посети:{moshits}