Тетово, 21 октомври 2012 год.- соборен храм на Св. Кирил и Методиј
Хиротонија на Епископот Лешочки , г. Јосиф
На 21 октомври 2012 година, во соборниот храм на светите Кирил и Методиј, во Тетово, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан заедно со Архиереите на САС на МПЦ-ОА, како и големиот број на јеромонаси и свештенослужители, го извршија чинот на хиротонија на нововоизбраниот Епископ Лешочки г. Јосиф, кој воедно ќе биде викарен Епископ на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил.
- Архиерејското служење во сите векови било постојано носење на крст и барало од оној што го носи усрдна грижа за народот божји и ревност за правдата господова. Затоа дека сигурен оти со светите молитви од сите вас присутни на оваа света литургија за нашиот господ Исус Христос да ја испрати неговата благодет та идното архиерејско служење да биде спасително за мене а повеќе за мајката македонска црква, за нашата татковина, за нашиот православен народ и за сите луѓе со добра воља и разбирање, изјави Јосиф Епископ Лешочки.
Архиепископот г.г. Стефан побара од новиот владика да биде трпелив и подготвен на големите искушенија во регионот во кој е назначен.
- Сведоци сме на чести напади на сакрални објекти и на христијански души. Многупати се вознемирувани дури и нашите покојни. За жал 2001-та година некаде како се уште да трае. Наше и по христијански и по македонски е да бидеме трпеливи, кон секого да покажуваме и љубов и разбирање и на другите да им правиме она што сакаме другите да ни го прават, рече г.г Стефан.
Јосиф Пејовски е роден во 1977 година во Прилеп. Се замонашил во 2005, а докторирал на богословскиот факултет во 2009 година.
Лешочкиот манастирски комплекс.
Преминпортал:
к.т. /р.к.
Лето Господово 2012