логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Hirotonija.Josiv.Velicki.jpg

Oхрид, 7.10.2012 год.- катедрален храм   Света  Софија

Hirotonija.Josiv.Velicki.jpg

Hirotonija.Josiv.Velicki.jpg

Архимандритот Јосиф хиротонисан за викарен владика на Скопската епархија

Охрид, 7 октомври 2012  – Во катедралната црква Света Софија во Охрид беше хиротонисан архимандритот Јосиф Тодоровски во епископ Велички, викарен владика на Скопската епархија. Со церемонијата на хиротонисувањето чиноначелствуваше Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во сослужение на владиците на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква.

Во обраќањето пред присутните поглаварот на МПЦ г.г. Стефан истакна дека денеска Македонската црква и верниците добија уште еден апостол и пастир, учител и мисионер на македонското духовно поле, уште еден архиереј и молитвеник, нов сопрудник за македонската правда и вистина.

- Денеска се радува црквата Христова зашто секој нов избор за епископ значи јакнење на телото Христово. Со твојот избор Скопската епархија на МПЦ доби викарен помошен епископ, а ние веруваме ќе имаме помошник каков што ни требаше. Веруваме ќе бидеш епископ достоен и беспрекорно работлив, кој верно ќе го проповеда словото на вистината, неуморен работник, проповедник на верата и на учењето за доброто и ќе се препорачуваш за служител Божји, со чистота, знаење, со долготрпеливост, благост, со Духот свет, со нелицемерна љубов, со поповед на вистината, со сила Божја, со оружје на правдата. Како Христов благовесник, се надеваме ќе бидеш возвестител на мирот, доносител на радост и проповедник на спасението, проповедник на богатството Христово, рече архиепископот Стефан.

Новиот епископ Велички, владиката Јосиф кој доаѓа од монашкото братство на манастирот „Свети Јован Богорски“, пред присутните одржа беседа во која истакна дека епископот треба да се заборави на себеси, својата волја, желби, да се заборави себеси, за да го носи крстот на сите.

- Послушението раѓа чудесни и неописливи плодови, тоа е отсекување на нашата волја, а прифаќање на волјата Божја, рече Епископот Велички Јосиф.

Владиката Јосиф е 12-от владика на Светиот архиерејски синод на МПЦ. На 21 октомври во Лешочкиот манастир ќе се одржи церемонија на која архимандритот Јосиф Пејоски од манастирот во Калишта ќе биде хиротонисан во Епископ Лешочки, викарен владика на Полошко-кумановската епархија. аб/вј/15:32 (според МИА)

Hirotonija.Josiv.Velicki.jpg

Hirotonija.Josiv.Velicki.jpg

Hirotonija.Josiv.Velicki.jpg

Hirotonija.Josiv.Velicki.jpg

Веројатно не можеше подобро да се усогласи денешната евангелска поука со возвишениот чин на хиротонија на епископот Велички г.Јосиф.

Апостолот (2 Коринтјаните 9,6) го возвишува радосниот дарител на кој Господарот многукратно ќе му возврати. И пред наши очи се случуваше тоа. Монахот кој смерно и радосно Му го подари она што навистина е негово – човечкото срце, ја доби својата награда.

Додека пак во повикот за кој нè известува евангелистот Лука концизно е содржано ветувањето на епископот Велички г.Јосиф дека смерно ќе ги следи упатствата на Владиката. Како зачудениот Симон кој цела ноќ безуспешно ловел риба сепак ќе го послуша Наставникот и ќе се врати да се обиде уште еднаш (Лука 5,5).

Господе – надари го новиот епископ да навлезе во длабините на духот на довереното стадо и да го поведе во спасение („Одвеслај понатаму, во подлабока вода, и фрлете ги мрежите“, Лука 5,4). За потоа – „Кога ги спуштија мрежите уловија толку многу риби, што речиси им се искинаа мрежите (Лука 5,6)“.

А ние веруваме дека ќе ни се повтори многукратното возвраќање од Оној кој не дозволува да биде надминат во дарување, односно Оној кој на радосниот сејач 30, 60 и 100 кратно му возвраќа (Марко 4,8). Некој нè уверува дека тоа што со искрена вера го молиме веќе и сме го добиле (Марко11,24). /р.т.

Hirotonija.Josiv.Velicki.jpg

Hirotonija.Josiv.Velicki.jpg

Hirotonija.Josiv.Velicki.jpg

Hirotonija.Josiv.Velicki.jpg

Hirotonija.Josiv.Velicki.jpg

Hirotonija.Josiv.Velicki.jpg

 Hirotonija.Josiv.Velicki.jpg

Hirotonija.Josiv.Velicki.jpg

Hirotonija.Josiv.Velicki.jpg

Hirotonija.Josiv.Velicki.jpg

 Hirotonija.Josiv.Velicki.jpg

Hirotonija.Josiv.Velicki.jpg

Hirotonija.Josiv.Velicki.jpg

Hirotonija.Josiv.Velicki.jpg

Hirotonija.Josiv.Velicki.jpg

Hirotonija.Josiv.Velicki.jpg

Hirotonija.Josiv.Velicki.jpg

Hirotonija.Josiv.Velicki.jpg

 Hirotonija.Josiv.Velicki.jpg

  •  Преминпортал;
  • презвитер Антоние Попоски;
  • Ратислав Кардалев;

        Лето Господово 2012

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

08/06/2025 - недела

Слегување на Светиот Дух- Педесетница

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,кога им го испрати Светиот Дух,и со нив ја улови вселената,...

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2025

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2025

Пророче и Претечо, Христос ни ја откри твојата глава како божествена ризница скриена  во земјата. Затоа, собрани сите во денот...

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Помазаник на Божјата благодат, од утроба посветен на славословие Господово, Симеон стана огнен молитвеник од земјата до небото, цврста поткрепа во Бога имајќи,...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная