логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

ПРВ АКАДЕМСКИ ЧАС     (Поздравно слово на Деканот на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, протопрезвитер, проф. д-р Ацо Гиревски)

Girevski.Aco.dekan3.jpg

 Ваше блаженство,
 Ваше Високопреосвештенство,
 Господине Ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“,
 Уважени проректори, декани, академици и професори,
 Драги студенти,             
 Отворајќи ги повторно ширум вратите на нашиот Богословски факултет, со посебно почитување кон Вас и радост на декан и универзитетски професор, Ви посакувам срдечно добредојде на Првиот академски час на УКИМ, вклучително и на овој Факултет.
 Православниот богословски факултет во своето 35-годишно постоење,  годинава со голема љубов ја прифаќа јубилејната генерација студенти и за таа чест, Факултетската Управа благодари на Ректорот на УКИМ, проф. д-р Велимир Стојковски, кој што заедно со проректорите, деканите и професорите на другите факултети одлучија да ни направат исклучителна чест, Првиот академски част овој пат да започне токму во нашиов Богословски факултет.  
 Се надевам, кога ќе го одбележиме празнично во декември овој  голем јубилеј, повторно ќе ве видиме во нашава средина.
Православниот богословски факултет од студиската 2008/2009 година, станапридружна членка на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, меѓутоа  со потпишување на договорот помеѓу УКИМ и Светиот архиерејски синод на МПЦ, Факултетот ќе го отпочне реорганизирањето во редовна членка, заедно со сите други Факултети (членки) на УКИМ.
        
 Почитувана Господо, дозволете ми да им се обратам на новозапишаните студенти.
 Драги академци,         Студирањето на највисоката духовно-просветна, високообразовна и научна установа на Македонската православна црква во Република Македонија - на Православниот богословски факултет, ќе Ви овозможи изучување и стекнување назнаење од областа на православните богословски стручни и научни дисциплини.
 Вие сте четвртата генерација која ги има дополнителните благодети, кои произлегуваат од стекнатиот бенефит на нашиот Факултет, како придружна членка на најстариот и водечки Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Република Македонија, а сепак под закрила и непосредна грижа на Светиот архиерејски синод на нашата Света Црква.
 Привелегиите со ваков статус се многубројни, јас ќе ви набројам само неколку:
- еднаков Европски Кредит-Трансфер Ситем  за студирање и оценување со сите други факултети во земјата и странство,
- унапредуваање и одбрана на академските цели, вредности и задачи, во што спаѓаат: откривање и ширење на вистината, одбрана на идејата и практиката на својот научен корпус, научно истражување во народната и универзитетска библиотека и надвор од неа во сите научни ресурси на Универзитетот,  членство во универзитетските студентски здруженија, право на користење студентски стипендии, студентски дом, признати дипломи, непречено продолжување на последипломски студии и други можности.
- Новина од минатата година и печатење на учебниции учебни помагала од професорите на овој Факултет.
 Проучете го Статутот на Универзитетот и на овој Факултет, како и правилниците за додипломски студии и самите ќе ги откриете другите можности  што Ви се нудат, та благовремено да се запознаете со своите права, но и обврски за судирање и стипендирање. Јас знам дека Вие,кандидатите за студии сосебе го носите етичкиот кодекс од домашното и средношколското образование и воспитание, но сепак, Ве потсетувам, дека и овде на Факултетот ве обврзуваат моралните вредности и норми.
 Денес сакам посебно да ги поздравам младите научни работници, на кои, ние постарите професори, во новата студиска година, им доверуваме поголеми можности да се проверуваат, да се докажуваат, да се истакнуваат и така да напредуваат во науката и така полесно да се стекнуваат со повисоки наставно-научни звања.
 На нив и на Вас, драги студенти,  Господ Бог нека ја зголеми довербата и нека ја умножи љубовта еден кон друг и кон сите, како што и ние професорите ја имаме кон вас; за да ги утврди вашите срца во науката што ви се предава. Сè испитувајте, за доброто држете сè! Клонете се од секакво зло!
 Бидете синови на денот, бидете трезвени и барајте ја светлината, та „облечени во оклоп“ на верата и љубовта и заштитени под „шлемот“ на надежта полесно ќе се спасуваме.
 И ве молам, синови наши, како интелектуалци, никого да не навредувате и никого да не повредувате. Особено да ги уважувате оние, што се трудат меѓу вас,  што се ваши претстојници во Господа, и оние кои ве учат. И кон нив да имате преголема љубов заради нивното дело.         Живеејте во мир помеѓу себе!
 Радувајте се секогаш!
 Молете се постојано, за Господ Бог да ги утеши срцата ваши и да ве утврди во секое слово и добро дело! Амин.

 Капиштец, 16 септември 2012.


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

 „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

« »

Православен календар

 

11/06/2026 - четврток

Петровденски пости; (пост на масло)

Спомен на Првиот Вселенски Собор; Светата маченичка Теодосија Тирска; Преподобната маченичка Теодосија; Свети Александар, епископ Александриски; Светиот маченик Нан (Јован) Солунски; Падот на Цариград;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная