Големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, во Соборниот храм на Македонската православна епархија за Европа, посветен на свети Наум Охридски – Малме- Шведска, на општа радост и задоволство на сите православни верници, на црковната општина, по скоро двомесечно внатрешно малтерисување на храмот, беше свечено одбележан со света Литургија која ја служеше во веќе малтерисаниот храм, парохискиот свештеник Прота –Ставрофор Блажо Кожарски.Верниот народ се причести со Светите Тајни Христови.
Прота Блажо на крајот од светата Литургија се обрати на присутниот народ зборувајќи за значениот на денешниот празник. Потоа заблагодари на досегашните спонзори и на сите оние кои дадоа свои доброволни прилкози за што поскоро да се завриши храмот.
Во текот на деновите ќе се отпочно со поставување на подни гранитни плочи.
По молитвите на Пресвета Богородица и свети Наум дај Боже до идниот празники просвете на Пресвета Богородица – Рождество на Богородица да бидат завршени планираните работи.
Prota - Stavrofor Blazo Kozarski
Tel: +46 40 19 28 02
Mobil: +46 704 60 43 64
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
www.mpc-malmo.org
Текст и фото: Никита