„Во молитвите неуморната Богородица и сигурна надеж во посредувањето, гробот и смртта не ја задржаа, бидејќи, како Мајка на Животот, кон живот ја пресели Оној што се всели во нејзината вечно девствена утроба“
(Кондак на Успение на Пресвета Богородица)
Во денот кога Православната црква блажено си спомнува за Успението Богородично, во преполнетиот манастирски комплекс во месноста Матка, се отслужи Божествена Литургија. Со Литургијата чиноначалствуваше Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан во сослужение на свештеници од Скопската епархија. Верниот народ молитвено просејќи застапништво од Заштитничката на родот човечки, Мајката Божја, се причести со Светите Христови Тајни. Претседателот Ѓорге Иванов со сопругата Маја присуствуваа на Литургијата и одбележувањето на празникот Успение на Пресвета Богородица во манастирот на Матка.
Извор: Скопска епархија
-
МИА