На денот кога Светата Црква го прославува свети архиѓакон и првомаченик Стефан, Митрополитот Европски г. Пимен, во сослужение со парохискиот свештеник протоереј-ставрофор Блажо Кожарски, отслужи Света Литургија во соборниот храм посветен на свети Наум Охридски во Малме, Шведска. На крајот од Светата Литургија Митрополитот г. Пимен произнесе празнично слово по повод празникот и им го честита имениот ден и славата на сите оние кои го слават овој празник.
Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен прими голем број на честитки по повод празникот на Рождество Христово и Новата 2008 година. По тој повод, Митрополит г. Пимен им се заблагодарува на сите верни, поздравувајќи ги со Божикниот поздрав,
ХРИСТОС СЕ РОДИ! - НАВИСТИНА СЕ РОДИ!
Честито и од Бога благословено Новото Лето Господово!
Посети:{moshits}