Св. Јован Златоуст
„Страста не знае за крај - таа престанува само тогаш кога ќе го убие оној што го заробила.
Како можеме да ја искорениме гордоста? За тој подвиг потребно е да Го познаеме Бога, зашто гордоста е плод на нашето непознавање на Бога. Ќе Го познаеме ли Бога, гордоста ќе побегне од нас. Да размислиме за пеколот, да помислиме за тие кои се подобри од нас, да се сетиме за нашата вина пред Бога - и кога ќе размислиме вака, ќе го украсиме својот дух и ќе го смириме својот разум. Да го зауздаме самопреценувањето свое - да бидеме смирени, скромни и кротки! Да се потсетиме дека Спасителот ги измил нозете на Своите ученици, за да ни остави пример на смирение. Да го искористиме тој пример, бидејќи смирението е пат кон богатствата на вечноста.“