логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 † Празнување на чудотворната икона Достојно ест

11 ЈУНИ

1.Празнување на чудотворната икона Достојно ест. 
На 11/24 јуни се празнува иконата
“Достојно ест” заради чудото кое се случило пред неа во времето на патријархот Никола Хрисоверг (983-996). Во близина на светогорскиот манастир Пантократор се наоѓа голема долина и во неа разни келии. Во една од тие келии, посветена на Успението на Пресвета Богородица, живеел еден доблесен јеромонах- старец со својот послушник. Бидејќи во блискиот Скит Протат, на Кареја, секоја недела
се служило бдение. Една сабота старецот, одејќи на бдение, му рекол на својот ученик: Чедо, јас одам на бдение, а ти потруди се да го направиш своето правило.
Кога паднало ноќ, некој затропал на вратата од келијата. Братот ја отворил вратата, и видел еден непознат монах, кој влегол и останал во келијата таа ноќ. А кога дошло време за утрена, обајцата се подготвиле да ја пеат утрената. Кога требало да ја испеат Честњејшују, монахот послушник ја отпеал до крај “Честњејшују херувим…” – страта пофална песна кон Богородица од свети Козма Песнописец. А оној непознат монах  додал друг почетак на песната, и отпел вака: ”Достојно јест јако воистину блажити Тја Богородицу, присноблаженују и пренепорочнују, и Матер Бога нашего” (грчки:Άξιον εστίν ως αληθώς μακαρίζειν σε  την Θεοτόκον, την αειμακάριστον και παναμώμητον και μητέρα του Θεού ημών); a потоа  го додал: “Честњејшују херувим…” сè до крајот.

dostoino_est_copy.jpg


Слушајќи, монахот послушник се зачудил и му рекол на странецот: Ние пееме само “Честњејшују…”, а “Достојно јест” никогаш не сме ја чуле.Туку, те молам, напиши  ми ја таа песна, па и јас да Ѝ ја пејам на Богородица. – Монахот странец рекол:  Донеси ми мастило и хартија, да ти ја напишам. – Немам ни мастило,  ниту хартија, одговорил послушникот. – Тогаш донеси ми една плоча, рекол странецот. Монахот отрчал, нашол плоча и ја донел. Непознатиот монах ја зел и со прст ,како по најмек восок, ја испишал на плочата песната: “Достојно ест”..
 Потоа странецот рекол: Отсега па понтаму  така ќе пеете вие и сите православни и станал невидлив. А тоа бил свети Архангел Гавриил, испратен од Бога да ја објави  ова Ангелска песна, најдостоинствена за Пресветата Божја Мајка. Кога старецот се вратил од бдението во келијата, послушникот му ја отпеал “Достојно ест”, како што му наредил Ангелот, и му ја покажал на старецот плочата, испишана
со ангелска рака.
Тогашните отци, празнувајќи го споменот на ова чудо, секоја година вршеле богослужби  и Света Литургија во споменатата келији, во исто време честувајќи и славејќи го  светиот Архангел Гавриил, кој од почетокот до крајот, останал боговдахнат славословец
 на Пресвета Богородица, и Нејзин радосен служител и благовесник.
Оттогаш оваа Ангелска песна се разнесла по целиот свет, за сите православни христијани  да И ја пеат на Пресветата Богомајка. А светата икона на Пречистата Богородица, која се наоѓала во црквата на онаа келија и пред која се случило ова чудо, била пренесена во
 велелепната црква на Протатот, каде и денес се наоѓа. Отаму келијата го добила називот “Достојно ест”.

❈✣❈
❖ Пристигнување на иконата „Достојно е“ во Бигорскиот манастир
❖ Празнување на иконата „Достојно е“  бдение 2010г

sv_Nikola_025.jpg

 

Извор: Бигорски манастир

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

« »

Православен календар

 

16/06/2026 - вторник

Петровденски пости; (пост со масло)

Светиот маченик Лукилијан и со него: Клавдиј, Ипатиј, Дионисиј и девицата Паула; Светиот свештеномаченик Лукијан; Светиот маченик Димитриј, принц руски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная