логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Откако биле сигурни дека османлиите го напуштиле манастирот, се вратиле и затекнале страшна слика. Сѐ било уништено. Храмот бил во пламен, на местото на манастирската чешма лежеле телата на тројцата свети старци и духовни учители. Главите им биле отсечени, го раскажуваат житието верниците    
    
  
Прво прогласување светци во МПЦ-ОА

Сончево е. Тесниот пат до манастирот мириса на свежо исечени дрва. Сепак, густата шума добро го заштитила домот на верниците. Стигнавме до манастирот „Света Пречиста Богородица“ во близина на Кичево. Се отвори тешката дрвена порта. Сончевите зраци се одбиваа од влажната калдрма. Уреден двор, полн со цвеќиња. Тревата е искосена. На влезот во конаците се сушат пружените алишта од кои сѐ уште капе вода. Помисливме дека чистеле за нашиот пречек. Тишината ја прекинуваа звуците што ги испуштаа двата пауни, кои како да се натпреваруваа во тоа кој повеќе ќе ги рашири шарените пердуви.

Одеднаш од конаците се појави една жена. Се поздрави со нас. Рече дека е гостинка на манастирот.
Доаѓа да помогне за здравје. Се понуди да го отвори храмот, да запалиме свеќа. За време на работните денови има помалку посетители, па за секој случај го заклучуваат храмот. Внатре се наоѓа иконата на Богородица, која има исцелителна моќ. Одамна е познато верувањето дека на многу унесреќени семејства по престојот во манастирските конаци им се променил текот на животот. Или оздравеле или им се родило дете за кое мечтаеле со години. Во храмот има бунар со света вода, со која посетителите го мијат лицето за здравје, а потоа се провираат под каменот, каде што стои чудотворната икона на Богородица. Така биле и останале обичаите.

Додека седевме на дрвените клупи пред храмот, дојдоа мајка и син. Живеат во Кичево. Секогаш кога се слободни, доаѓаат во манастирот. Велат дека чувството на духовна исполнетост и на прероденост е главната причина што ги враќа повторно да го посетат овој верски храм.
- Сигурно сте слушнале за големата прослава на Илинден по повод 45 години од возобновувањето на автокефалноста на Охридската архиепископија – нѐ прашуваат.
Тогаш ќе се случи првото канонизирање светци во Македонската православна црква. Токму тоа е голема чест и радост за манастирот и нешто по што ќе бидеме препознатливи во православниот свет.

ПРВИТЕ СВЕТЦИ ЗА МПЦ

Дознаваме дека, според житието, тројцата преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј, биле монаси во овој манастир и со херојски подвиг маченички пострадале во одбрана на христијанската вера. Преданието за овој настан било запишано во една книга, која се чувала во манастирот и е искористена како основа да се напише житието, кое всушност е и кратка историја за нивното страдање.

Верниците раскажуваат дека кон средината на 16 век, монашкото братство од овој манастир станало вистинска утеха и крепост за напатениот народ што страдал од османлиското ропство. Гласот за нивната духовна сила допрел до Турците. Тие на 27 март 1558 година се упатиле кон светото Богородично семејство. Монасите заедно со присутните верници, како и обично, биле собрани на заедничка Литургија.
Во моментот кога прозвучила црковната херувимска песна, отец Аверкиј влетал во храмот и известил дека кон манастирот се приближува многуброен османлиски аскер. Тогаш монахот Евнувиј и уште двајца други монаси, Пајсиј и Аверкиј, решиле да останат во манастирот, а преостанатите нивни браќа и верници да заминат во шумата и таму безбедно да ја завршат литургијата.

- Но тогаш се случила најголемата трагедија. Откако биле сигурни дека Османлиите го напуштиле манастирот, се вратиле и затекнале страшна слика. Сѐ било уништено. Храмот бил во пламен, на местото на манастирската чешма лежеле телата на тројцата свети старци и духовни учители. Главите им биле отсечени – го раскажуваат житието верниците. Велат дека загубата на овие монаси не го обесхрабрила преостанатото братство. Тие не се распуштиле, туку ја продолжиле својата монашка и просветна дејност.
За шест години бил изѕидан нов храм од камен.

- Такви биле подвигот, страдањето и преминот во вечниот живот на тројцата монаси. Нивната светост била докажана поради исклучителната посветеност на христијанската вера и маченичкиот крај – велат верниците.

Со тоа, тие ќе добијат ден на празнување, им се одредуваат икона и богослужба, која беше напишана на Света Гора. Според каноните, во еден ден може да се одбележуваат повеќе светители.

Покрај нив, во јубилејната година за МПЦ, на 28 октомври ќе бидат канонизирани за светци и 40-те битолски преподобномаченици, убиени од Османлиите кога ја зазеле Битола.
Од возобновувањето на автокефалноста на МПЦ во 1967 година, таа е една од ретките цркви што немаат прогласено светец.

И МУСЛИМАНИ ПРЕД ЧУДОТВОРНАТА ИКОНА

По раскажаното предание за тројцата светци решивме да си одиме. Но верниците нѐ известија дека, ако повторно не се видиме за Илинден, следна голема прослава во манастирот е манастирската слава, која се празнува секоја година на 21 септември на празникот Рождество на Пресвета Богородица, меѓу народот познат како Мала Богородица. Тогаш манастирот е масовно посетен од верниците од целата држава.

- Овој манастир е познат и по тоа што во него влегуваат и муслиманите, и бараат помош од Бога, што е практика и за другите православни манастири. Влегуваат и ја допираат иконата на Богородица. Веруваат во нејзината моќ. Сепак, сите живееме под исто небо – додава една жена, местејќи ја шарената марама, од која ѕиркаше побелена коса.
Обично муслиманските жени бараат помош за децата што имаат страв од нешто.


Манастирот со отворени врати ги дочекува верниците

 --------------------------------------------------------------------------------

Долетала икона со две лица

Манастирот „Света Пречиста Богородица“ е изграден во 1316 година на планината Цоцан, Кичевско, на надморска височина од 920 метри. Легендите говорат дека е изграден на местото каде што од урнатиот манастир „Свети Георгиј“ во кичевското село Кнежино долетала икона, на која од едната страна бил ликот на Мајката Божја, а на другата страна бил ликот на Исус Христос. На храмовата врата е поставена мермерна плоча, како спомен и потсетување дека во 1924 година таму бил замонашен г.г. Доситеј, првиот поглавар на возобновената ОА, во лицето на МПЦ.

--------------------------------------------------------------------------------
      
Автор: Радмила Заревска 

Нова Македонија

 

 

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Православен календар

 

18/06/2026 - четврток

Петровденски пости; (пост со масло)

Св. свештеномаченик Доротеј, епископ Тирски; Преп. Теодор Пустиник; Преп. Анувиј; Блажениот Игор, кнез Черниговски и Киевски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная