Македонците слават и во Лос Ангелес
На денот на Рождеството Христово, Македонската православна црква Успение на Пресвета Богородица во Лос Ангелес беше претесна да ги прими сите свои чеда
.Иако е работен ден во САД, македонските верни чеда си земаа по еден ден од одморот за да можат да заблагодарат на Бога за се што им дава во оваа нова Татковина.
Веднаш по завршувањето на Светата Литургија, учениците од неделното црковно ушилиште на свој начин им го честитаа празникот на сите присутни, преку скромната духовна академија. Ги поздравија врниците со песничката :
ХРИСТОС СЕ РОДИ
Христос се роди
во нов живот не води.
Со полнота и радост
во вечна рајска младост.
На болните здравје им носи
нивните души со радост ги роси.
Благослов на сите ни дава
нека е вечна Неговата слава.
Од името на сите членови на нашата црковна општина, на сите читатели на Преминпоретал и на редакцијата им го честитаме празникот над празниците, поздравувајки ги со најрадосниот поздрав, Христос се роди!
Посети:{moshits}