Во предвечерието на празникот на свети Атанасиј Велики архиепископ Александриски, на 14 мај 2012 г. во манастирот на свети Атанасиј во демирхисарското село Журче, Неговото високо пресвештенство Митрополитот Пелагониско-Австралиски Господин Петар чиноначалствуаше со вечерната богослужба.
Свети Атанасиј Велики (293 – 373 г.) живееше во вонредно сложен историски период кога на политички план по смртта на Константин Велики неговите синови го разделуваат царството на Источно и Западно. Додека двете царства се непрекинато воено спротивставени, Христовата Црква ја раздира аријанската ерес.
Во тие услови, Свети Атанасиј Велики распнат меѓу клеветењата на Ариј и неговите следбеници, политичките прогони и повеќекратните враќања на престолот на Александриската црква, успева да се идигне во општопризнат учител на христијанството и на Светата Црква да ѝ
го остави Символот на верата.
За Преминпортал
Ратислав Кардалев
Лето Господово 2012