логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

29 ФEВРУАРИ

1. Преп. Јован Касијан. Овој голем духовник се родил во Рим од славни родители. Во младоста ги изучил сите светски науки, особено филозофијата и астрономијата. Потоа целиот се предал на изучување на Светото писмо. Простирајќи се од доброто на подобро и сакајќи сè поголем степен на совршенство, Касијан отишол од Рим во Цариград за лично да го чуе и да го види св. Јован Златоуст. Златоуст го поучил и го посветил за ѓакон. Користејќи се многу со мудриот Златоуст, Касијан се упатил подалеку на Исток за уште повеќе да се научи и усоврши. Најмногу се задржал во Египет, во Нитрија, меѓу прочуените духовни атлети, од кои се научил на вежбање во секоја добродетел. Најпосле се вратил пак на Запад и се населил во градот Марсеј. Тука основал два манастира, еден машки и еден женски. На молбата на монасите, св. Касијан напишал повеќе дела, од кои особено е корисен за љубителите на духовниот живот: „Осум книги за борбата против осумте главни страсти“. Мошне важно му е делото против еретикот Несториј. Ова дело Касијан го напишал на молбата на архиѓаконот Лав. Верно Му послужил на Господа и мнозина збогатил со мудрост, па се преселил во вечниот живот во 435 година. Моштите на св. Касијан и денес почиваат во Марсеј.

2. Преп. Варсануфиј. Родум е од Палестина. Роден како незнабожец, се крстил во својата 18. година и веднаш се замонашил, добивајќи го името Јован. Кога се прочул поради својот добродетелен живот, бил избран за архиепископ во Дамаск. Но не останал долго на тој положај. Копнеејќи по осамен духовен подвиг, тајно го напуштил Дамаск и отишол во пустината нитриска. Тука се пријавил како монах Варсануфиј и веднаш добил за послушание да биде манастирски водоносец. Некогашниот архиепископ со радост го примил тоа послушание. Со своето умно расудување, кроткост и вредност, Варсануфиј наскоро им станал пример на сите монаси. Дури пред неговата смрт им било откриено на монасите кој е Варсануфиј. И така, овој светител послужил со својот пример за укорување на гордите и властољубивите, а за утеха на смирените и кротките. Се упокоил мирно и се преселил при Господа во 457 година.

 

Евангелие и поука за 13/03/2020
 

Паримија на денот: Книга пророк Исаија 7:1-14

1.     Во дните на Ахаза – синот на Јоатама, син Озиев, цар јудејски, – Ресина, царот сириски, и Факеј, синот ремалиев, цар израилски, отидоа против Ерусалим да го завладеат, но не можеа да го преземат.
2.     Тогаш му беше соопштено на домот Давидов и речено: „Сиријци се сместија во земјата Ефремова. И му затрепери срцето на Ахаза и срцето на народот негов, како што од ветар се нишаат дрвјата.”
3.     И му рече Господ на Исаија: „Излези и ти и син ти Сеарјасув да го пречекаш Ахаза на крајот од горното езеро по патот кај нивата на валавичарот,
4.     и кажи му: внимавај и биди спокоен; не бој се, и да не се плаши срцето твое пред двата краја на тие гламји што чадат, од разгорениот гнев на Ресина, на Сиријците и на синот Ремалиев.”
5.     Сирија, Ефрем и синот Ремалив кројат против себеси зло, велејќи:
6.     »да одиме против Јудеја и да ја исплашиме, да ја завладееме и да го поставиме за цар Тавеиловиот син.«
7.     Но Господ Бог вели вака: „Тоа нема да стане и нема да се изврши,
8.     зашто главата на Сирија е Дамаск, а главата на Дамаск – Ресин; по шеесет и пет години Ефрем ќе престане да биде народ;
9.     глава на Ерфема е Самарија, а глава на Самарија – синот Ремалиев. Ако не верувате, нема да се додржите.”
10.     И продолжува Господ да му говори на Ахаза и му рече:
11.     „Барај за себе знак од Господа, твојот Бог: барај или во длабочините или во височините.”
12.     И рече Ахаз: „Нема да барам и нема да го искушувам Господа.”
13.     Тогаш Исаија рече: „Слушајте, пак, доме Давидов! Зар ви е малку тоа што им дотежнувате на луѓето, па сакате да Му дотежнувате и на мојот Бог?”
14.     Затоа Самиот Господ ќе ви даде доказ: ете, Девица ќе зачне и ќе роди Син, и ќе Му дадат името Емануел.

Паримија на денот: Прва книга Мојсеева (Битие) 5:32;6:2-8

32.     Ное имаше петстотини години, кога ги роди трите сина: Сима, Хама и Јафета.
2.     тогаш синовите Божји, гледајќи ги ќерките човечки дека се убави, ги земаа, кои што ги сакаа, за жени.
3.     И рече Господ Бог: „Духот Мој нема вечно да пребива во луѓето, зашто тие се тело; ете деновите нивни нека им бидат сто и дваесет години.”
4.     А имаше во тоа време џинови на земјата, особоно, пак, кога синовите Божји почнаа да влегуваа при ќерките човечки и тие почнаа да им раѓаат; тоа се силните луѓе, прочуени од старото време.
5.     И виде Господ Бог дека лошотиите меѓу луѓето на замјата се големи, и дека сите мисли и помисли во срцата нивни беа зли во секое време.
6.     И се покаја Бог што го беше создал човекот на земјата, па се огорчи во срцето Свое.
7.     И рече Господ: „Ќе ги истребам луѓето што сум ги создал, од земјата – од човекот до животното, ѕверовите и птиците небески – оти се кајам што ги создадов.”
8.     Но Ное најде милост пред очите на Господа Бога.

Паримија на денот: Книга Мудри Соломонови изреки 6:20-35;7:1

20.     Синко, пази ја заповедта на татка си и не отфрлај поуката на мајката своја;
21.     врзи ги засекогаш за срцето свое, врзи ги околу вратот свој.
22.     Ако тргнеш, тие ќе те раководат; ако легнеш да спиеш, ќе те пазат, ако се разбудиш, ќе разговараат со тебе;
23.     зашто заповедта е светило, и поуката – светлина, а опомената – пат кон животот,
24.     за да те пазат од расипана жена, од ласкав јазик на туѓа.
25.     Не ја посакувај убавината нејзина во срцето свое, за да не бидеш уловен преку очите свои и да не те вовлече со трепките свои,
26.     зашто поради жена блудница човекот паѓа до корка леб, а жена прељубодејка уловува многу чесна душа.
27.     Може ли некој да носи оган во гради, а да не се запали облеката негова?
28.     Може ли некој да оди по вжарени јаглења, а да не ги изгори нозете свои?
29.     Истото тоа станува и со оној, кој влегува кај жена на ближниот свој; кој и ќе се допре до неа, нема да остане без вина.
30.     Не му проштеваат на крадецот, ако краде за да си ја насити душата, кога е гладен;
31.     ако го фатат, тој плаќа седумпати повеќе, го дава целиот свој имот.
32.     Кој, пак, врши прељуба со прељубница, тој нема ум; си ја погубива душата своја, оној што врши тоа;
33.     биење и срам ќе најде тој, и бесчестието негово нема да се избрише,
34.     зашто љубомората е јарост на мажот, и во денот на одмаздата своја – тој не ќе знае за милост,
35.     нема да прими никаков откуп и нема да се задоволи ни со многу подароци.
1.     Синко, пази ги зборовите мои, и сокриј ги во тебе заповедите мои. Синко, почитувај Го Господа, – и ќе се зацврстиш и, освен од Него, не се плаши од никого.

Поука на денот: Старец Софрониј Сахаров
Љубовта, пламенот којшто Христос го фрли во душата на човекот, има восхитливо својство: го води нив бездни и височини кои никому инаку не се достапни, му дава да го совлада секое страдање, па и смртта, често го фрла во неопишлива бесконечност, во која е сам, напрегајќи се повторно да ја здогледа Светлината на љубениот Бог. Таков е процесот на очистувањето на нашата природа.

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир



РАСУДУВАЊE

Свети Јован Касијан за борбата со духот на блудот пишува: „Борбата со духот на блудот е лута и е подолга од другите борби. Таа е секојдневна и само мал број на луѓе во неа потполно победиле. Таа борба се започнува со првиот зрел растеж и не престанува сè додека не се победат сите останати страсти. Во оваа борба е потребно двојно оружје. За достигнување на совршена и чиста целомудреност не е доволен само телесен пост (иако е тој пред сè потребен), туку е потребна и скрушеност на духот и неотстапна молитва против овој најнечист дух; потоа, непрестајно поучување од Светото писмо заедно со разумно делување, потоа, телесен и ракотворен труд што го задржува срцето од блудство и го враќа кај себе, а над сè длабока и вистинска смиреност без која никогаш и над никоја страст не може да се добие победа. Победата над оваа страст е условена со совршено исчистување на срцето, од кое, според зборовите на Господа, истекува отров од таа болест. Оти од срцето излегуваат лоши помисли,… прељубодејства, блудства итн… (Мт. 15:19). Потребно е да се има постојана смиреност во срцето и трпение, како и внимателна претпазливост во текот на денот од гневот и останатите страсти. Колку што во нас ќе влезе огнот на гневот, толку полесно во нас проникнува жарот на похотта“. Интересно е дека и многу други големи духовници ги доведуваат во причинска врска страста на гневот и страста на блудната похот, од што следува дека оние кои се гневат се најголеми похотливци.

СOЗEРЦАНИЕ

Да Го созерцавам Господа Исуса како буден стражар над Својата црква (Мт. 28:20), и тоа:
1. како Он бдее над целиот создаден свет, а посебно над Својата црква со крв спечалена;
2. како Он бдее над секоја крстена душа како градинар над својот посев;
3. како Он преку тишината и преку бурата ја води Својата црква, водејќи ја кон крајна победа;
4. како Он бдее и над мојот живот да се воздигне и да се вѕида во Неговото вечно царство.

БEСEДА

за Христовото живо присуство

    Јас сум со вас преку сите дни до завршетокот на светотс (Мт. 28:20).

Еве утеха над утехите!

Еве утеха за оние кои ги ломи бурата! Нека се потсетат само дека овде е Христос, покрај нив и нека не се плашат. Он е кормилар.

Еве утеха за оние кои боледуваат! Нека знаат дека Христос е тука, крај нивната постела и нека не очајуваат; Он е лекар.

Еве утеха за оние кои стареат! Нека не губат од вид дека Христос со нив патува низ времето сè до вечноста, во вечна младост и нека бидат спокојни.

Еве утеха за оние кои ги мачат луѓето! Нека не мислат дека се оставени, бидејќи Христос е со нив во сите маки, и на судот, и во затворот и нека се радуваат. Он е судија.

Еве утеха за сите оние кои ја бараат светлината на правдата и вистината! Нека веруваат дека Христос е поблизок до нивната душа од нивните очи и нека се придржуваат кон Негово раководство. Он е светлината.

О браќа мои, навистина Христос е непрестајно со нас како светлината што е непрестајно со очите што гледаат. Но, о таго наша, ако нашите духовни очи се затворени, та залудно се труди светлината да се сретне со зеницата на нашиот вид! О таго и жалост наша, кога ние не сме со Христа!

Он ни доаѓа во пресрет, дали ние одиме да Го пресретнеме? Он сака со нас, дали ние сакаме со Него? Ако сакаме утеха, ние мораме да бидеме со Него во сите денови до завршетокот на нашиот век.

Господи, наша единствена утехо, не оставај нè! На Тебе слава и вечна пофалба. Амин.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 1903
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2414
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар

 

21/11/2024 - четврток

Св. Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни и бестелесни; Свети Ангел Лерински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Сила Ти даде на телото човеково, о, Господи, но верата во човека планина преместува, секое безумие го победува и кон...

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная